Добивај вести на Viber
Загреб ја освои наградата „Meetings star“ за најдобра конгресна дестинација во Југоисточна Европа на штотуку завршениот конгрес „Convento" кој се одржа во Љубљана на 16 и 17 јануари.
Како што објави Туристичката заедница од Загреб, со цел да се добие ова престижно признание, хрватскиот главен град мораше да се соочи со голем број тајно испитувани категории како што се квалитетот на инфраструктурата, атрактивните туристички локации, достапноста на градот и низа останати проверки.
Покрај Загреб како град кој е избран за најдобра конгресна дестинација, признание доби згребскиот хотел „Esplanade" како најдобар луксузен хотел.