Загреб се плаши бегалците од Србија да не тргнат кон Бугарија и Хрватска
Објавено во: Балкан 25 Август, 2015 11:03
Хрватска се плаши дека откако Унгарија заврши со изградбата на 4-метарскиот ѕид на границата со Србија, бегалците од Блискиот Исток и Африка може да бидат пренасочени кон Бугарија и Хрватска.
Ова се вели во обемна репортажа на српската државна телевизија по повод острите дебати во Загреб за бегалската криза на Балканот.
И покрај фактот дека бегалската криза на било кој начин во оваа фаза не ја загрозува Хрватска, во земјата се зголеми жестока полемика на оваа тема со клучното прашање - дали официјалните власти во Загреб имаат стратегија, ако бегалската криза се прелее и во оваа држава.
Хрватска не може да има стратегија за ова прашање, откако и самата Европа нема стратегија за ова прашање, изјавил хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ.
Во исто време од Словенија најавија дека тие можат да прифатат најмногу до 500 имигранти, се вели уште во информацијата на „РТС“. Досега само 140 лица добиле статусот на бегалци во Словенија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




