17 Декември, 2025
0.0582

ЗАГРЕБСКИОТ БЕТМЕН МИЛАН БАНДИЌ: Од растоварувач на шеќер до политички фактор!

Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2014 08:24

Добивај вести на Viber

Хрватскиот градоначалник Милан Бандиќ кој вчера загрепската полиција по налог на службата за справување со корупцијата го уапси, е несомнено вест број еден во регионот. Апсењето било круна на повеќемесечната акција на полицијата покрената за да се разоткријат незаконитостите во работењето на Градот Загреб и Загребскиот холдинг. Полициијата извршила детален претрес во неговата куќа, како и во неговата канцеларија. Најавени се кривични пријави поради поголем број коруптивни дела и злоупотреба на службената положба. Милан Бандиќ во секој случај е контроверзна фигура на хрватската политичка сцена. Против него се поднесени преку 250 пријави. А кој е всушност Милан Бандиќ.. Милан Бандиќ - одличен ученик во средно, со студентски кредит отишол во Загреб - како студент растоварал јаглен и шеќер Милан Бандиќ е роден на 22 ноември во 1955 година, општина Груде, која е на границата помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина. По завршување на основното и средното училишта во Груде, добил студентски кредит и заминал на студии. Дипломирал на факултет за политички науки во Загреб. И денеска знае да се пофали дека како студент истоварал шеќер и јаглен. Заработувачката била солидна и тоа му овозможило да дојде до пари за да го врати студентскиот кредит. Во студентските денови ја запознал и својата идна сопруга Весна, од кој брак ја имаат и ќерката  Ана Марија. Политичката кариера на Бандиќ Неговите политички почетоци се од 1983. Не сакал да седи во канцеларија па затоа честопати бил меѓу луѓето. Овде до израз доаѓа неговата моќ за комуникација со луѓето. Плурализмот на политичката сцена во Хрватска ја смести неговата партија СКХ (сојузот на комунисти на Хрватска) на дното. Бандиќ сепак не преминал во друга партија, напротив останал верен на својата партија, верувајќи дека неговата сега социјалдемократска партија ќе се врати на политичката сцена како значаен фактор. Значаен исчекор во политичката кариера има во 1993 година, кога станува секретар на СДП, а две години подоцна (1995 година) станува член на Собранието на Град Загреб. Една година подоцна (1996) тој се разведува од сопруга Весна. Со неа повторно ќе се ожени во 2003 година. Во јавноста се појави шпекулација дека се развеле само за да полесно го купат станот во кој живеат. Овие наводи ги истражуваше „Јутарњи лист“, кои разговарајќи со седум станари кои живеат во зграда со Бандиќ, дошле до сознанија дека Бандиќ никогаш долго не отсустувал од својот дом и покрај разводот. Во 1997 година тој станал претседател на СДП во Загреб. За прв пат на местото градоначалник доаѓа во 1997 година. Првата афера е поврзана со вработувања на 14 советници кои градот Загреб го чинеа дополнителни околу 150 илјади куни месечно. (1 евро 7,6 куни) Три години подоцна (во 2000 година) на предвремени избори, Бандиќ е избран за градоначалник на Загреб. Во 2002 година поднесува оставка поради аферата за неуспешен обид за подмитување на полицијата која го фатила како вози пијана. Во 2005 и 2009 повторно е избран за градоначалник на Загреб. Кандидатура за претседател на Хрватска Јули 2009 година во СДП се одржуваат внатрепартиски избори, за тоа кој да биде кандидат за претседател на Хрватска. Кандидатити биле Иво Јосиповиќ и Љубо Јуричиќ. Јосиповиќ победил и практично тој бил кандидатот на социјалдемократската партија за претседател на државата. Бандиќ бил разочаран. Со месеци се шпекулираше за неговата кандидатура. На 04 Ноември 2009 година го замрзнува своето членство во СДП, а на 05 ноември 2009 ја објавува својата кандидатура. Исиот ден СДП преку соопштение соопшти дека со објавувањето на кандидатурата, согласно Статутот на партијата на Бандиќ му престанува членството во партијата. Во истовреме се почесто се коментираше дека кандидатурата на Бандиќ е комедија. Сите афери на Бандиќ Политичкото дејствувње на Милан Бандиќ го обележале низа афери. Веќе од  јули се шпекулира како над него Државното обвинителство спроведува бројни истраги. Но, Бандиќ безгрижно одговарал: Правните институции нека си ја вршат работата. Еве, ја извршиле, пренесува хрватскиот портал дневно.хр. Се споменувале разни малверзации, како размена на градски земјишта на штета на градот, работни места кои се доделувале на кумови, спорни фонтани, депонија за отпад… И болната точка на сите – стадионот Максимир. Силни милиони се вложени во обновата на славниот стадион кои никогаш не се завршени. Му замерувале поради возење во пијана состојба, но тоа го пребродил - се поправил, други почнале да го возат. Последно поради што беше на мета на граѓаните е изгледот на Месничката улица … продолжува текстот објавен на сајтот. Да потсетиме, Бандиќ Загреб го превзема пред 14 години, а дава и оставка после аферата со возење во пијана состојба. На чело на метрополата се враќа во 2005 и 2009 година. Со СДП раскинува поради одлуката да влезе во претседателската трка. Од партијата на СДП го исфрла Зоран Милановиќ. Го следат контроверзни изјави. „А кога Бандиќ како Бетмен, 24 часа со два пиштоли и две пушки би се движел и гледал кој што работи по градот“, е една од легендарните, или пак онаа за отровната вода од Врбан: „Па вие се сеќавате дека со вас пиев вода, како жаба се надував уверувајќи ве дека водата е исправна и дека под секој Савски мост тече Сава“, говорел тој. Уапсен поради сомневање за корупција Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, вчера попладне е уапсен. Освен него полицијата ги приведе и претседателот на управата на Загрепскиот холдинг, Слободан Љубичиќ и косопственикот на ЦИОС, Петар Припуз, поради сомневање за кривични дела на штета на градот. Бандиќ е уапсен заради сомневање дека извршил повеќе коруптивни дела како злоупотреба на службената должност и тргување со влијанието, а за него се водела полициска истрага неколку месеци. М.И.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни