11 Мај, 2024
0.0313

Загриженост и разочарување кај бизнисмените после Брегзит

Објавено во: Економија, Свет 24 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Шокирани менаџери од Мумбаи до Денвер се разбудија во петокот, слушајќи ја одлуката од британското гласање за излез од Европската унија, коментира Ројтерс.

Во самата Британија најразлични бизниси - од инженерската група „Rolls-Royce“ и фармацевтскиот гигант „AstraZeneca“ до градежни претприемачи и производители на шкотско виски, се приготвија за расцеп на краток и долг рок, откако фунтата падна до најниско ниво од 1985 година.

Големите бизниси - со мали исклучоци, силно го поддржуваат останувањето во најголемиот трговски блок во светот, главно поради лесниот пристап до 500 милиони европски корисници.

„Недели и месеци напред ќе бидат потребни за лидерите во бизнисот“, вели Сајмон Вокер, генерален директор на британското бизнис лоби „Institute of Directors“, во петокот.

Најголемиот британски производител на автомобили - „Jaguar Land Rover“, прогнозира дека годишниот профит може да му се намали за 1 милијарда фунти до 2020 година, ако Британија се врати на правилата на Светската трговска организација (СТО) при трговијата со Европа .

Акциите на сопственикот на индиската компанија - „Tata Motors“, паднаа за над 10%.

Производителите на шкотско виски, кои извезуваат околу 90% од производството, ја нагласуваат важноста на ЕУ, кој ја презема една третина од извозот. Излез од членството во Унијата сепак влијае и на преговорите со брзорастечките пазари како Индија.

Некои инвеститори предупредија за престојна британска, или дури глобална рецесија, откако фунтата падна, удирајќи го најниското ниво од 1985 година, а фјучерсите врз се FTSE намалија за 8%.

Претседателот на јапонската „Nippon Steel & Sumitomo Metal“ - вториот најголем производител на челик во светот, изјави дека гласањето е исклучително фрустрирачко.

„Силно сме вознемирени  за негативното влијание што тоа ќе го има не само врз Британија и ЕУ, но и врз глобалната економија“, рекол Косеи Шиндо.

Мартин Сорен, шефот на најголемата рекламна агенција во светот „WPP“, исто така вели: „Оваа одлука ќе создаде неверојатна несигурност, која ќе ја забави економската активност и процесот на донесување одлуки“.

Големите осцилации на фунтата ќе доведат до сериозни тешкотии за некои меѓународни компании, бидејќи поевтинувањето на валутата ќе удри врџ нивниот профит од Британија.

Меѓународните компании со значителна изложеност спрема фунтата го вклучуваат и седиште во Денвер Molson Coors, сопственик на „Carling“ кој силно се потпира на Велика Британија.

Покрај пристапот до пазарот изедначувањето на регулациите во ЕУ го олесни животот на бизнисот.

Фармацевтските компании, на пример, се радуваат на лондонската Европска агенција за лекови, која одобрува нови лекови за сите европски земји. Во исто време трансакциите за воздушниот простор во ЕУ доведоа до раст на воздухопловството, а општите политики во земјоделството и безбедноста на храната дозволија повеќе мазни ланци на снабдување и разновидни јадења.

Компаниите во овие сектори стравуваат дека Британија надвор од блокот ќе ги наруши односите со партнерите.

„Ова создава непосредни предизвици за идните инвестиции, студии и вработување во нашата индустрија во Велика Британија“, вели Мајк Томпсон, извршен директор на Здружението на британската фармацевтска индустрија.

„AstraZeneca“ објави дека стравува за конкурентноста на британската индустрија во областа на природните науки и дека ќе работи за да обезбеди пристап на пациентите до лекови покрај стравувањата дека излегувањето од ЕУ може да го одложи одобрувањето на лекови.

Пристапот до работна сила е уште еден важен фактор за компаниите. Директори во автомобилската индустрија, која се потпира сериозно на извозот, го утврди пристапот до квалификувана работна сила на второ место, сосема малку по пристапот до европските пазари, во студија за причините за останување од март.

Пред гласањето некои базирани  мултинационални компании во Британија како Diageo, Unilever и Rolls-Royce ја изразија својата поддршка за останување во Унијата директно пред вработените, иако други одлучија да не го прават тоа.

Официјалните податоци покажуваат дека 12,6% од британското економско производство е поврзано со извозот кон 27-те други земји членки на ЕУ, а 3,1% од нивното производство се поврзани со извоз во Велика Британија. 80% од британските бизниси покрај меѓународната трговија тргуваат и со ЕУ.

Според проценките на Конфедерацијата на британската индустрија вработувањата во Велика Британија може да се намалат со меѓу 550 илјади  и950 илјади места при Brexit.

За банките сериозна загриженост е заканата дека финансиските институции со седиште во Лондон, може да ги изгубат европските „пасоши“, или автоматското право да продаваат услуги во блокот според единствениот систем за пониски трошоци.

Несигурноста околу Brexit доведе до најслабата активност на британските спојувања и превземања оваа година во однос на глобалната активност од 1980 година.

Можеби ќе ве интересира

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?