17 Декември, 2025
0.0621

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Цела бригада џихадисти од поранешна Југославија војува во Ирак и Сирија!

Објавено во: Балкан 08 Септември, 2014 19:28

Добивај вести на Viber

Најмалку шест проценти од странските екстремисти кои војуваат во Сирија и Ирак пристигнуваат од балканските земји, проценува Меѓународниот центар за следење на радикализмот (ИЦСР) со седиште во Лондон. Неупадливи, отстапувајќи од класичниот вехабистички изглед, со брада и кратки пантолони, балканските џихадисти се сериозна закана за целиот свет. Во студијата на ЕУ „Салафизам-вехабизам“ експертите истакнуваат дека предворје на џихадот е Босна и Херцеговина, а бојните полиња не се избираат. „Белите ѓаволи“, како што се нарекуваат младите екстремни муслимани од БиХ, војуваат во целиот свет - од Авганистан, преку Чеченија и Турција до Сирија и Ирак, а својот екстремизам го шират и низ целиот балкански регион, но и низ Европа. Тие се инспирирани со вехабизмот и салафизмот, но се трансформирале во нова генерација домашни џихадисти. „Се започна пред 20-тина години, додека во овој регион беснееше војна и кога во БиХ стигнаа околу 3.000 странски исламски доброволци како и големо количество оружје и пари. Така е увезен салафизмот кој денеска се шири низ целиот регион. Вехабистичкото движење собира околу 5.000 од вкупно 1,4 милиони муслимани во БиХ, и тоа најмногу во Сараево“, стои во студијата. Според проценките, во Србија има околу 1.000 следбеници на вехабизмот, додека на Косово околу 2.000. Во Црна Гора се релативно малку, но сосема доволно да предизвикаат сериозни проблеми, особено што ќе бидат дополнително мотивирано кога оваа земја ќе влезе во НАТО. Проценките говорат дека од подрачјето на поранешна Југославија во војните во Ирак и Сирија во моментов се борат повеќе од 1.200 вехабисти, кои дури формираат посебна бригада. Џихадистите од Балканот го освоиле подрачјето околу сириското место Азаз, на пет километри од границата со Турција, регион населен претежно со курдско население. Токму во Азаз тие ги повлекуваат новите регрути од Србија, БиХ, Косово, Македонија и Црна Гора, намамувајќи ги преку социјалните мрежи и во живо, преку своите следбеници. Повеќето новопечени џихадисти немаат никакво борбено искуство, бидејќи според нивната возраст многумина не биле ни родени додека на просторите на поранешна Југославија се воделе војни. Но, затоа повеќето од нив имаат искуство на интернет. Идните џихадисти од Балканот ги собираат, врбуваат и регрутираат преку неколку исламски портали, како што се Патот на верниците и Уммет. Принципот на врбување преку овие портали е добро разработен и речиси секогаш е ист. Приказната започнува со дискусии за исламот, за тоа како е загрозен светот и како треба да се брани. Така агитаторите „фрлаат мамец“ и чекаат посетители на форумите кои ќе се „уловат“ на овие нивни тези. Кога некој ќе „загризе“ и ќе го потврди овој нивен стсв, следи обработување. Исламистите влегуваат во подлабока приказна за исламот со прашања што е подготвен нивниот соговорник да направи за исламот. Кога ќе утврдат дека е подготвен и да загине за религиозна цел, преземаат мерки за тоа лице да се упати во некој од вехабистичките центри во Европа, најчесто во Виена. Од таму преку Турција ги испраќаат во Сирија, појаснува студијата.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни