Захариева пред Османи: Од Скопје побргу се стигнува до Лондон, отколку до Софија
Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2020
Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија, на заедничката онлајн-конференција со шефовите на дипломатиите на Македонија ио Германија - Бујар Османи и Хајко Мас во рамките на Берлински Процес рече дека физичките врски помеѓу Скопје и Софија се на незадоволително ниво.
- До Софија патуваме побавно отколку до Лондон, или пак по земјен пат до Тирана и Подгорица. Колку поедноставни се врските помеѓу бизнисот и луѓето, толку подобра е иднината за младите луѓе, рече Захариева.
Најави дека утре на средбата на лидерите во рамки на Берлинскиот процес, каде што ќе присуствуваат и претседателите на бугарската и македонската влада - Бојко Борисов и Зоран Заев, со поддршка на Европската комисија ќе се донесат важни одлуки.
- Станува збор за две важни одлуки - за заедничкиот европски пазар како и декларација за агендата за Западен балкан кое го потврдува ангажирањето на земјите преку конкретен план во клучни области, наведе Захариева.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.