29 Септември, 2024
0.0245

Закана за втората светска економија: Пазарот на имоти влегува во криза!

Објавено во: Анализа 16 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Имотниот сектор во Кина станува се посериозна закана за растот на втората по големина економија во светот, покажува истражувањето на CNN. 8 од 10 економисти, кои учествувале во студијата, сметаат дека пазарот на недвижности е најголемата закана за економијата, откако во последните три квартали како ризик број еден беше растот на кредитите. "Главниот проблем е обилното снабдување. Градежништвото расте со неконтролирана брзина, тоа ја зголемува стапката на урбанизација ", вели Ванг Цинуеј од Capital Economics. "Додека количеството на непродадените имоти од градителите расте, секторот ќе продолжи да тежи на економијата", додава тој. Стравувањата на економистите се сосема оправдани, бидејќи овој сектор и сврзаните со него услуги сочинуваат околу 20% од БДП на земјата, а само инвестициите во недвижности претставувале над 15% од економскиот раст во 2013 година. Градежниците во помалите градови веќе нудат големи попусти, за да успеат да ги продадат своите производи, дури и во големите градови цените паѓаат и ја намалува побарувачката на инвестиции во секторот. Економистите се загрижени и од тоа дека кризата на имотниот пазар може да се шири и во другите сектори на економијата, особено во банкарскиот кој финансира голем дел од градежните компании. Покрај тоа овој сектор е тесно поврзан со индустријата и услужниот сектор. Слабиот пазар на имот би можел да спречи Кина да ја исполни целта за годишен економски раст од 7,5%. Некои економисти дури сметаат дека критичната точка веќе помина. Според аналитичарите на јапонската банка Nomura балонот при недвижности веќе се дупна и економијата на земјата може драматично да се забави, ако власта не интервенираше со нови иницијативи. "Прашањето веќе не е "дали ", туку" колку тешка "ќе биде корекцијата на пазарот на имот", коментира аналитичарот на банката. За да се справи со проблемите во секторот, се очекува Владата да продолжи да ги поттикнува локалните влади да ги олеснат ограничувањата за купувања на повеќе имот одеднаш. Исто така Кина ќе мора да се потпира повеќе на други сектори, како извозот, за да се одржи економскиот раст, ако пазарот на имот продолжи да се забавува. К.К.