05 Декември, 2025
0.0282

Заканата која ја крие „Турски поток“ за Азербејџан и желбата на ЕУ за стоп од рускиот гас…

Објавено во: Анализа, Економија 20 Август, 2016 13:43

Добивај вести на Viber

Пред една недела во Санкт Петербург се случи настан кој е во состојба да го промени значително енергетскиот пазар во Европа, пишува во својата анализа руското издание ИноСМИ. Станува збор за средбата меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

За време на разговорите двајцата државници се договорија за рестарт на голем број проекти, меѓу кои гасоводот „Турски поток“ и АЕЦ Акјују.

Закана ли е сепак „Турски поток“за плановите на Азербејџан да испорачува природен гас во Европа? По гасоводот ќе потече руски гас првично кон Турција, а потоа и за Јужна Европа. Односно тоа е пазарот на кој се стреми и Азербејџан со спроведувањето на плановите за Јужниот гасен коридор.

Според анализите сеуште е рано Баку да се мачи од руската конкуренција. Прво Јужниот гасен коридор и TANAP и TAP кои се во изградба, имаат силен „благослов“ од Брисел. Уште од самиот почеток Европската комисија беше критично настроена кон „Јужен поток“, а расположението кон неговиот наследник - „Турски поток“, не е подобро.

Самиот Путин изјави дека Москва ќе има потреба од многу сериозни гаранции од ЕУ, пред да бидат спроведени какви било планови за испорака на гас - дали во „Јужен поток“, дали во „Турски поток“.

Рускиот министер за енергија Александар Новак ја елаборира тезата на рускиот претседател и изјави по средбата во Санкт Петербург дека првата цевка на „Турски поток“ќе биде изградена многу брзо - до 2019 година. Во неа ќе биде испорачан руски гас наменет за турскиот пазар. Во втората цевка треба да пристигнува суровина, која Анкара ќе ја транзитира преку гасен центар на грчко-турската граница кон Европа. Новак е категоричен - за неа се уште е рано да се зборува.

Во енергетските средини „Јужен поток“, „Турски поток“ и TAP се конкуренти - успехот на руските гасоводи ги ставаат под сомнение европските шанси за азербејџанскиот гас, и обратно, пишува уште ИноСМИ. Според анализата сепак шансите се на страната на Баку, особено со оглед на желбата на ЕУ да ја намали зависноста од рускиот гас.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени