17 Мај, 2024
0.0284

Закажано е акционерското собрание: Еве кој ќе го управува кормилото на Македонски Телеком од јули

Објавено во: Економија 28 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Никола Љушев, поранешниот директор на Вип оператор ќе биде новиот директор на Македонски телеком од јули годинава. Љушев е предложен и треба да биде избран на акционерското собрание на компанијата кое е закажано за 28 јуни. Тој доаѓа на директорската позиција по оставката на досегашниот директор Австриецот Андреас Елснер. Оставка од функцијата во Одборот на директори си поднесе и Павел Хадрболец, а на негово место е предложен Германецот Петер Фаил.

Во предлог одлуката за назаначувањето стои дека Љушев ќе има мандат од четири години. Тој е предложен за неизвршен член на Одборот на директори, но потоа Одборот на директори треба да го избере за извршен член во функција на Главен извршен директор, практично на местото на Елснер.  Во прилог на одлуките за акционерското собрание се прикачени и биографите на новопредложените кандидати за директорските позиции.

Друга точка на дневен ред е измена на Статутот на друштвото и определување на нови надоместоци за членовите на Одборот на директори.

Никола Љушев доаѓа во Македонски Телеком од менаџерската позиција во Црногорски телеком каде од 2017 до денес ја извршува функцијата на Главен извршен директор. Претходно беше директор на ВИП. ОНЕ и на Вип оператор.

Кога известија за оставката на Елснер од Макеоднски телеком соопштија дека стратешките проекти, предводени од него ќе овозможат долгорочна одржливост во работењето на компанијата. Како резултат на овие достигнувања, Македонски Телеком ќе може да се справи со идните предизвици, да го предводи патот на дигитализацијата на општеството и да ја задржи позицијата на најдобар оператор на конвергентни услуги.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија