29 Септември, 2024
0.0245

Закони и стратегии постојат, но дискриминацијата и натаму е присутна!

Објавено во: Анализа 08 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Денеска е 8-ми март, денот кога се одбележува борбата на жените за политичка, економска и социјална рамноправност во опшетството.Закони, стратегии, национални програми, застапеноста на жените во македонското општество е регулирана, но Македонија се уште се бори со родовата еднаквост. Но сепак споредено со годините наназад, македонското општество бележи напредок во однос на правата и статутот на жената денес. Според статистичките податоци од 271.307 вработени жени 75 отсто се вработени во приватниот сектор. Најмногу жени работат во сектор здравствена и социјална заштита или 72,3 отсто и во образованието каде што 53,6 отсто од вработените се жени. Најмала е застапеноста на жените во градежниот сектор со 4,4 процетни ви секторот рударство.Но бројките покажуваат дека само 5 до 7 проценти од жените се на менаџерски позиции. Во Собранието застапеноста на жените е со околу 32 проценти, а на локлано ниво е нешто помалку од 30 проценти.Од женските здруженија постојано укажуваат дека 39,2 проценти вработеност на жените е процент кој со години е непроменет и дека вработување на жените треба да е толку колку што тое се присутни во популацијата.

Бројот на жени магистри на науки изнесува 895 жени, само 119 жени се доктори на науки, а 56,3 отсто од жените се дипломирани. Податоците покажуваат дека според очекуваното траење на животот, жените живеат 77,2 години или четери години подолго од мажите.Од вкупно 23.138 живородени деца во 2013 година , 11.045 или 48 отсто биле женски деца.Според статитистиката просечната возраст на која жените стапуваат во брак е 25,8 години, и од година во година се зголемува. Повеќе од две третини од жените веруваат дека за 20 години ќе се зголеми бројот на жени на менаџерски позиции и дека повеќе ќе бидат застапени во централната и локалната власт. Но само половина од жените веруваат дека мажите ќе се грижат повеќе за домашните и семејните обврски.

Родовата еднаквост е загарантирана со Устав, но дали се применува во пракса?

Родовата еднаквост во Македонија е загарантирана со Устав, постои Закон за еднакви можност, Стартегија за родова еднаквост,Закон за спречување дискриминација. Но во пракса состојбата е поинаква. Според експертите иако жените се помасовно се пробиваат во јавната сфера, сепак мал процентот на жени што се наоѓаат на високи раководни позиции.

-Не можеме да се пожалиме од аспект на законите за родова еднаквост и можеби затоа често слушаме во јавноста, што сакаат жените кога ги имаат сите права. Но законите се едно а фактичката состојба е друго. А во таа насока најмногу зборува застапеноста на жените и мажите во различните домени на општествениот живот. И покрај тоа што жените имаат постигнато значителен пробив во јавната сфера во т.н машки професии, сепак сеуште е мал процентот на жените кои се наоѓаат на раководни и одлучувачки позиции. Сеуште тешко се прифаќа и тоа не само од страна на мажите туку и од страна на жените, дека една жена може да биде исто така успешна па дури и поуспешен раководител од мажот, поуспешна премиерка, поуспешна претседателка. Така што жените сеуште преовладуваат на оние места и занимања кои што се сваќаат како женски, негуватлки, учителки , медицински сестри, а кои што се помалку платени и кои што не изгледаат доволно престижни и додовлно моќни за да бидат предизвик за мажот. А тука да не зборувам дека жените се тие кои сеуште го користат породилното отсуство, тие се тие кои се обидуваат да го усогласат професионалниот со приватниот живот, и тоа мислам дека е една од најголемите пречки поради кои голем број на жени не се осудуваат да се нафатат на раководни позиции бидејќи немаат доволно време и енергија да бидат успешни и на двете полиња, вели професор д-р Сузана Симоновска, од Институтот за родова еднаквост при Филозовскиот факултет. Законите и стратегиите сеуште не го решија и проблемот со дискриминација на жените.

Дискриминацијата на жените и покрај постоечките закони, во пракса е присутна. Според социолозите дискриминацијата се манифестира преку различни облици, а најчесто се јавува при вработување на жените.

-За жал и покрај сета онаа законска регулатива што ја имаме ние сеуште зборуваме за дискриминација на жената или за правењето разлика врз основа на пол. Многу би било лесно ако со закони би можеле да ја промениме и свеста на луѓето за различните родови улоги кои што најчество се сваќаат како природни и сосема нормални, а кои што се основа на сеуште постојната дискриминација на жената. Дискриминацијата може да биде директна или индиректна. Директната дискриминација полесно се санкционира затоа што директно се крши некое право кое што е со закон заштитено. Но кај нас е попирисутна онаа индиректна форма на диркиминација која многу често доаѓа до израз на интервјуата за работа. Така на пример под наводно неутрален став ќе ве прашаат дали сте мажени, дали имате деца и дали планирате да раѓате, и доколку сето тоа не сте го напарвиле, нема да ви биде кажано директно дека сте непожелен кандидат заради тие причини за да се избегнат тужбите, и ќе се најде некоја друга причина за да не бидете примени на работа. Тука е и вознемирувањето како облик на дискриминација и насилство врз жените и тоа се дефинира како секое несакано однесување поврзано со пол. Исто така често пати се случува после породилното боледување жената да не биде повторно на истото работно место на кое што работела претходно или крајно да ја изгуби работата, вели универзитетскиот професор Симоновска.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД

Во 1857 година американските текстилни работнички излегле на улиците во Њујорк да протестираат против неподносливите услови за работа и ниските примања, и оттогаш осмомартовските протести станале традиција. Најмасовните протести биле во 1908 година, кога на улиците на Њујорк протестирале 15.000 жени. Во 1909 година американската Социјалистичката партија го воведува Националниот ден на жената, кој се одбележувал во последната недела од месецот февруари. Следната 1910 година во Копенхаген е одржана првата меѓународна женска конференција и на тој ден, по предлог на Клара Цеткин е воведен Меѓународниот ден на жената. Демонстрации на работничките се оддржувале во сите поголеми европски градови а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас. Обединетите нации, 1975 година ја прогласуваат за меѓународна година на жената, и оттогаш официјално започнува да се одбележува празникот 8-ми Март.

Ј.С