19 Октомври, 2024
0.0372

ЗАКОНОТ НЕ Е НА НИВНА СТРАНА: Нема начин како да се формира Албанска Академија на науките и уметностите

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за МИА, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели дека законска можност за такво нешто нема.

Според Перински, посоодветно е локалните самоуправи да работат на зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, а не да одвојуваат средства за нешто коешто едноставно нема да има функција во годините што следат. 

- Во суштина тоа е строго опишано во Законот за локална самоуправа во членот 11 кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се утврдени согласно Законот што во превод значи дека Законот сака да каже дека сите средства што општината ги колектира по било кој основ, ги распределува преку усвојување на одлуки и буџети на седница на Совет и треба да бидат исклучиво насочени за спроведување и реализација на основните законски надлежности на самата локална самоуправа. Во тие надлежности, Албанска академија на науките и уметностите не стои. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие здруженија и невладини организации треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности за кои таа локална самоуправа постои што значи дека ако точно се чита законот, законска можност за вакво нешто нема, истакнува Перински. 

Посочува и дека академиците од Македонската академија на науките и уметности, кои се од другите етникуми, јавно кажале дека пристапот е погрешен.

-Несоодветно е да се генерираат проблеми таму каде што ги нема бидејќи имаме други реални проблеми што треба на дневна основа да ги решаваме и како централна, но и како локална власт, вели Перински.


Можеби ќе ве интересира

СМРТОНОСНА БАКТЕРИЈА ПТИЧЈИ ГРИП ПРОНАЈДЕНА ВО ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ: ЗОО е затворена, посетителите евакуирани, еве што објави Галетановски

СМРТОНОСНА БАКТЕРИЈА ПТИЧЈИ ГРИП ПРОНАЈДЕНА ВО ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ: ЗОО е затворена, посетителите евакуирани, еве што објави Галетановски

УШТЕ ЕДЕН ФУНКЦИОНЕР НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ИМА ИНТЕРЕС ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ: Еве кој и што открива

УШТЕ ЕДЕН ФУНКЦИОНЕР НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ИМА ИНТЕРЕС ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ: Еве кој и што открива

ЌОСЕТО КАЖА КАКО МУ БИЛО ВО ЗАТВОР: Вежбав, се чувствував предаден од сопствената држава

ЌОСЕТО КАЖА КАКО МУ БИЛО ВО ЗАТВОР: Вежбав, се чувствував предаден од сопствената држава

ОСТАНА УШТЕ ОВАА НЕДЕЛА: Наредната недела подгответе ги часовниците за зимското сметање на времето

ОСТАНА УШТЕ ОВАА НЕДЕЛА: Наредната недела подгответе ги часовниците за зимското сметање на времето

ДОАЃААТ ПРВИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ЗА ГОДИНАВА? Еве што велат прогностичките модели

ДОАЃААТ ПРВИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ЗА ГОДИНАВА? Еве што велат прогностичките модели

„СДСМ МЕ СПАКУВА“: Русковска смета дека опозициската СДСМ била причина за нејзиното заминување од обвинителската функција

„СДСМ МЕ СПАКУВА“: Русковска смета дека опозициската СДСМ била причина за нејзиното заминување од обвинителската функција

УНИВЕРЗАЛНА САЛА: Еве кога ќе биде готова

УНИВЕРЗАЛНА САЛА: Еве кога ќе биде готова

СЕ СЕЌАВАТЕ НА СУВЕНИРНИЦИТЕ КАДЕ СЕ ПРОДАВАА СУВЕНИРИ ОД СПОМЕНИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ? Еве каде „скапувале“ досега предметите кои требаше да се продаваат

СЕ СЕЌАВАТЕ НА СУВЕНИРНИЦИТЕ КАДЕ СЕ ПРОДАВАА СУВЕНИРИ ОД СПОМЕНИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ? Еве каде „скапувале“ досега предметите кои требаше да се продаваат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таткото на Вања испратил порака за откуп во погрешна група на Вибер, па ја избришал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таткото на Вања испратил порака за откуп во погрешна група на Вибер, па ја избришал