19 Октомври, 2024
0.0272

УНИВЕРЗАЛНА САЛА: Еве кога ќе биде готова

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот Зоран Љутков очекува дека ќе потраат три-четири месеци процедурите за да може Министерството за култура и туризам законски да го гради објектот на Универзална сала. Како што рече, нивните правници и надворешните консултанти работат на тоа законски да го донесат правото на пренесување на проектот од Град Скопје во  Министерство за култура и туризам.

-Мора да се направи промена на закони, има пет-шест чекори кои треба да се направат. Тоа можеби ќе потрае три-четири месеци... Проектот е во ред, не го оспоруваме, немаме ништо против изведувачот кој досега ги изведувал работите, во првата фаза, рече Љутков во Дневникот на ТВ Сител.

Посочи дека изведувачот можеби нема да биде ист и за втората фаза од проектот, која е стопирана.

- Значи, повторно ќе се распише тендер, бидејќи проектот не е целосно затворен. Во проектот го нема уредувањето на платото и го нема мебелот во Универзална сала. Ќе побараме да се направи и тоа за да имаме проект „клуч на рака“, рече министерот.  

Соопшти и дека помеѓу првата и втората фаза се уште немаат извештај за настанатата штета, немаат пресек што е направено и ја немаат проценетата вредност на вкупниот објект.

Одговори потврдно на прашањето дали гарантира дека Скопје ќе има нова Универзална сала до 2028 кога треба да биде  Европска престолнина на културата, со оглед на процедурите што претстојат.

Подобро да оди побавно, рече Љутков, но легално „и така како што треба“.

-Ако продолжиме вака, јас носам кривична одговорност и ќе бидам оспоруван и нема да го имаме проектот ни до 2028 година кога Скопје треба да биде Европска престолнина на културата, додаде министерот.

Соопшти дека за 20-ина дена Министерството за култура треба законски да го преземе секторот туризам кој досега беше дел од Министерството за економија. Потоа ќе почнат да работат на програмата за туризам за 2025, како и на заедничкото работење односно промоција на културниот туризам. Кога ќе го преземат целиот ресор кај нив,  рече Љутков, ќе почнат да работат на стратегија за туризам. 


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН ФУНКЦИОНЕР НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ИМА ИНТЕРЕС ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ: Еве кој и што открива

УШТЕ ЕДЕН ФУНКЦИОНЕР НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ИМА ИНТЕРЕС ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ: Еве кој и што открива

ЌОСЕТО КАЖА КАКО МУ БИЛО ВО ЗАТВОР: Вежбав, се чувствував предаден од сопствената држава

ЌОСЕТО КАЖА КАКО МУ БИЛО ВО ЗАТВОР: Вежбав, се чувствував предаден од сопствената држава

ЗАКОНОТ НЕ Е НА НИВНА СТРАНА: Нема начин како да се формира Албанска Академија на науките и уметностите

ЗАКОНОТ НЕ Е НА НИВНА СТРАНА: Нема начин како да се формира Албанска Академија на науките и уметностите

ОСТАНА УШТЕ ОВАА НЕДЕЛА: Наредната недела подгответе ги часовниците за зимското сметање на времето

ОСТАНА УШТЕ ОВАА НЕДЕЛА: Наредната недела подгответе ги часовниците за зимското сметање на времето

ДОАЃААТ ПРВИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ЗА ГОДИНАВА? Еве што велат прогностичките модели

ДОАЃААТ ПРВИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ЗА ГОДИНАВА? Еве што велат прогностичките модели

„СДСМ МЕ СПАКУВА“: Русковска смета дека опозициската СДСМ била причина за нејзиното заминување од обвинителската функција

„СДСМ МЕ СПАКУВА“: Русковска смета дека опозициската СДСМ била причина за нејзиното заминување од обвинителската функција

СЕ СЕЌАВАТЕ НА СУВЕНИРНИЦИТЕ КАДЕ СЕ ПРОДАВАА СУВЕНИРИ ОД СПОМЕНИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ? Еве каде „скапувале“ досега предметите кои требаше да се продаваат

СЕ СЕЌАВАТЕ НА СУВЕНИРНИЦИТЕ КАДЕ СЕ ПРОДАВАА СУВЕНИРИ ОД СПОМЕНИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ? Еве каде „скапувале“ досега предметите кои требаше да се продаваат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таткото на Вања испратил порака за откуп во погрешна група на Вибер, па ја избришал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таткото на Вања испратил порака за откуп во погрешна група на Вибер, па ја избришал

ГАШИ: Нема проблем Бугарите да влезат во Уставот, но само со гаранции

ГАШИ: Нема проблем Бугарите да влезат во Уставот, но само со гаранции