17 Октомври, 2024
0.0303

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Успешен во бизнисот, а претходно успешен и во раководењето со Дирекцијата за слободните индустриски зони, на која дојде директно од САД, каде што претходно живеел и работел 18 години. Првично го прифаќа предизвикот да и помогне на државата на економски план, но се уште е тука, успешно менаџирајќи ја „Костал Македонија“, каде што е генерален директор, но ја има и позицијата претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. Има многу што паметно и интерсно да се слушне од Виктор Мизо, прв човек на „Костал Македонија“, само за поткастот Бизнис Муабети на Фактор. 

Откриваме дел од разговорот, а утре ќе можете да го погледнете целиот поткаст. 

„Костал е германска фамилијарна компанија, која има традиција од 112 години откако е формирана. Четврта генерација, сопственикот Андреас Костал ја води компанијата. Компанијата има годишен обрт од околу четири милијарди евра. Најголем дел, околу 85 отсто од обртот е во автомобилската индустрија, но прави и индустриска електроника, прави и системи кои се поврзани со обновливи извори на енергија, а минатата година купивме германска компанија која произведува полначи за електрични возила и ги пласира своите производи во Централна Европа. Имаме 20.000 вработени, на пет континенти, во над 40 држави“, вели Мизо.


Автомобилската индустрија не е индустрија каде што има големи профитни маргини. Дури и профитна маргина од 5 до 6 проценти не е лесно остварлива, посебно во последниве шест до седум години на многу турбулентни времиња во светот, не само во нашата индустрија, туку геополитички, геостратешки и здравствени кризи кои ги имавме. 


Она што ние го произведуваме е пред се за премиум брендови на автомобилски возила, дури и од Охрид клиенти ни се Порше, БМВ, Мерцедес, Јагуар, Ленд Ровер и слично. Правиме комплексни мехатронски производи, но и енергетска електроника за плагини и хибридни возила. 


Пред да го почнам политичкиот ангажман, крај на 2006, почеток на 2007 година, претходно 18 години живеев во Америка, таму и завршив високо образование. Јас сим инженер, кој и претходно има работено во автомобилската индустрија. 

На прашањето на водителот Мишко Иванов дали се кае што се вратил во Македонија, Мизо вели:

„Искрено, мене ми беше некаков предизвик кога ми беше понудена работата да помогнам во економскиот развој на државата и привлекување на странски инвестиции. 


Иванов вели „Сигурно сте ги слушале муабетите дека сте ја искористиле тогашната позиција Директор на дирекцијата слободни зони за да ја добиете позицијата прв човек на „Костал Македонија“, на што Виктор Мизо возвраќа „Дали вие мислите дека странските компании така ги земаат луѓето?“, и доидава „Кога се смени власта, јас останав на работа уште два месеци без проблем, но тогаш јас директно на тогашниот премиер Заев му ја поднесов мојата оставка....“


Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

Која државна институција ќе „поарчи“ 3.500 топа хартија за печатење во ера на дигитализација?

Која државна институција ќе „поарчи“ 3.500 топа хартија за печатење во ера на дигитализација?

ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ ТРОГОВСКИ ЛАНЕЦ ТРГНУВА ДА ГО ОСВОЈУВА БАЛКАНОТ: Прво почнува во Србија, еве каков е планот

ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ ТРОГОВСКИ ЛАНЕЦ ТРГНУВА ДА ГО ОСВОЈУВА БАЛКАНОТ: Прво почнува во Србија, еве каков е планот