Законот важи за сите: Кој работел за Водици, ќе земе дневница повисока за 150%!?
Објавено во: Економија 19 Јануари, 2013 19:15
Правата на работниците најчесто се прекршуваат за време за празници кога треба да се плати празнична дневница што според законот е за 150 проценти повисока од регуларната, е ставот на министерството за труд и социјална политика. Оттаму појаснуваат дека неисплаќањето на празнична дневница е потешка злоупотреба на човечкиот труд кој што останува нереално платен и ескплоатиран, а тоа е еден од најголемите демотивирачки фактори за самите работници, а од друга страна дополнителен нерегуларен профит за работодавците.
Доколку е констатирано непочитување на законска одредба, работодавецот со решение се задолжува тоа да го стори во рок од 15 дена, во спротивно следуваат казни чии износи се од 6.000 до 7.000 евра во денарска противвредност, појасни денеска министерот за труд и социјална политика, Споро Ристовски. Од Министерството велат дека и годинава ќе ја продолжат борбата против работењето на црно, кршењето на работничките права и непочитувањето на прописите за безбедност при работа. Посочуваат дека во 2012 година регистрирани се 10 смртни случаи и нема колективни повреди на работа, што значи намалување во однос на 2010 и 2011 година кога имаше 12 смртни случаи на работни места.„Само целосната примена на законите и успешните инспекциски надзори над примената на законите и подзаконските акти од трудовото законодавство се гаранција за добра економска клима, за добри услови на пазарот на трудот, како и за безбедна работа на вработените на работните места“, рече министерот Ристовски.
Во областа на работните односи во 2012 година, извршени се вкупно 29.867 испекциски надзори, од кои 24.346 редовни и 3.578 контролни инспекциски надзори. Покрај тоа, извршени се 1.943 надзори по барање од странки. Инспекторите извршиле и контроли кај работодавачите во врска со примената на законот за безбедност и здравје при работа. Извршени се вкупно 12.680 инспекциски надзори од кои 9.257 редовни, 137 надзори од законот за пушење, 3.143 контролни инспекциски надзори и 142 инспекциски надзори по поднесени претставки, информираа од министерството за труд и социјална политика.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





