05 Декември, 2025
0.0964

Законот за бранители оди по итна постапка, кои се буџетските импликации?

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2012 18:36

Добивај вести на Viber

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на својата денешна седница донесе одлука да препорача на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го повлече од процедура во редовната постапка предлогот за донесување на законот за бранителите. ВМРО ДПМНЕ повторно ќе го поднесе во скратена постапка до Собранието на РМ. Во исто време извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ препорача до пратеничката група да се заложи за ограничување на дискусиите во новата скратена постапка во работата на комисиите, согласно правилата од Деловникот за работа кои важат за пленарната седница на Собранието на РМ, а со цел да се спречи злоупотребувањето на Деловникот и несуштинското траење односно одолговлекување на дискусиите. Донесувањето на законот за бранители ќе донесе нови финансиски импликации по буџетот на Македонија, но досега никој не направи точна пресметка колку тоа ќе чини. Претпоставка е дека годишниот издаток ќе се мери во повеќе милиони евра. Инаку досега никој, или речиси никој не зборуваше за финасиските импликации од законот, туку во преден план беа политичките недоразбирања кои тој ги предизвика. ДУИ, е досега го блокираше донесувањето на законот преку одолговлекување на комисиските расправи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања