15 Мај, 2024
0.0307

Законот за финансиска поддршка на инвестициите поддржува резултати

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе овозможи домашните компании да бидат конкурентни на странските пазари, а компаниите со ова решение ќе добијат сигурност и гаранција за капиталот, посочи Вицепремиерот за економски прашања на денешната комисиска расправа на законот кој беше на дневен ред во матичната комисија.

Ова е транспарентен закон којшто не разликува странски или домашни компании, образложи Анѓушев.

„Овој закон треба да ја замени шемата која ценевме дека е нетранспарентна и за која се потрошени многу пари во Република Македонија а притоа се помогнати само 23 компании, односно на таа програма се потрошени околу 225 милиони евра и притоа е направена нелојална конкуренција. одредени компании да имаат, а други да немаат помош. Затоа сакавме да направиме една транспарентна шема, транспарентен механизам што ќе обезбеди пораст во целата економија“, рече Анѓушев.

Овој закон не разликува странски или домашен стопанственик, разликува само добар или лош стопанственик. И сите тие бараат правна сигурност. Законот содржи мерки што поттикнуваат развој кај компании, односно мерки што носат резултати.

Законот со својата транспарентност обезбедува правна сигурност за компаниите што ќе аплицираат, а тие треба пред се треба да исполнуваат одредени предуслови. Првиот и основен предуслов е компанијата да аплицира со резултатите во 2017 година, а вториот предуслов во завршната сметка бројот на вработени во тековната година да не биде намален во однос на просекот во претходните години. „На овој начин, рече Анѓушев, сакаме да им помогнеме на компаниите кои обезбедуваат раст во државата, односно што работат добро.“

Според Анѓушев, за да се зголеми БДП треба да се следи формулата која генерира раст.

„Ние зборуваме за реалниот бизнис, односно за економијата која е на реален пазар. Ние таа економија треба да ја поддржиме за да стане поконкурентна. Бараме таа компанија да инвестира, затоа што тоа е основен критериум и план за да ја зголемиме конкурентноста на македонската економија. Нашата економија има проблем со конкурентноста и таа мора да стане конкурентна во однос на целата економија и во регионот и во светот. Има неколку области каде може да обезбедиме раст на БДП, една област е да се зголеми домашната потрошувачка, но на пазар од 2 милиони луѓе тоа тешко може да се случи, а втората област е да се зголеми извозот а за тоа македонските компании треба да ја зголемат својата конкурентност на странските пазари и точно тоа сакаме да го стимулираме со овој закон“, потенцираше Анѓушев.

Според него, овој закон треба да гледа поддршка во втората можност за зголемување на БДП односно за зголемување на конкурентноста на македонската економија за истата да може да се натпреварува во цел свет.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“