05 Декември, 2025
0.0454

Како ќе се регулираат сезонските вработувања?

Објавено во: Економија 29 Декември, 2012 12:42

Добивај вести на Viber

Полесно и пофлексибилно ангажирање на сезонски работници во секторите каде за тоа има потреба, но и нивна поголема заштита имаат за цел последните измени на Законот за работни односи што беа презентирани денеска во Владата.

Со нив се овозможува за вршење сезонска работа да се заснова работен однос без јавно огласување, но најмногу до 30 дена, а пробната работа се ограничува на три работни дена, поради по краткото времетраење на сезонската работа, нејзиниот вид и карактер како и обезбедување на соодветна заштита на работникот. Отказниот рок е дефиниран на седум работни дена, а предвидено е, поради краткото времетраење на сезонската работа, за времето до три месеци да не се исплатува испратнина.

- Нашата цел со овие измени беше да се олесни пристапот до пазарот на труд за невработените лица, со истовремено почитување на барањето на работодавачите за полесно ангажирање работници кои можат да одговорат на нивните барања, но и да се овозможи соодветна заштита на лицата кои ќе бидат сезонски ангажирани, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Со измените, како што појасни Ристовски, поконкретно се уредуваат прашањата на прераспределба за вршење на сезонска работа. Притоа се ограничува максималното траење на дневното и неделното работно време, начинот на прераспределбата преместувањето и користењето на работните часови кои се над полното работно време утврдени со закон. На овој начин, рече, се обезбедува и посебна заштита на одредени категории работници преку забрана за нивно вработување за вршење сезонска работа подолго од полното работно време.

Важен момент, како што напомена министерот за труд и социјална политика, е и фактот што измените ќе овозможат ангажирање на приматели на социјална парична помош за сезонска работа без да го изгубат ова право, кое за време на ангажирањето ќе им биде ставено во мирување.

- Кога корисниците на социјална парична помош ќе склучат договор за сезонско ангажирање користењето на правото на таа помош ќе им биде ставено во мирување. Откако ќе заврши нивниот ангажман, до соодветниот центар за социјална работа ќе треба да достават потврда за престанок на договорот за сезонска работа со која ќе потврдат дека во извесниот период биле ангажирани како сезонски работници и дека врз основа на тој период имаат остварено соодветен приход. Тој приход ќе биде единствениот приход кој нема да им се засметува во повторното користење на правото на социјална помош. Тие уште од истиот ден ќе продолжат да го користат тоа право, но ќе имаат обврска во прекинот на договорот да го наведат износот кој го заработиле за време на сезонското ангажирање, рече Ристовски.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека измените биле направени на барање на бизнис секторот кој има потреба од сезонско ангажирање на работници. Притоа, рече, се земени предвид европски искуства во регулирањето на оваа сфера, а додаде водено е и сметка за заштита на правата на оние кои ќе бидат сезонски ангажирани.

Тој истакна дека покрај земјоделството, како еден од секторите во кој има најголема потреба за ангажирање на сезонски работници, сезонска работа има и во секторите за туризам, телекомуникации, градежништво...

Задоволство од измените за регилирање на оваа сфера искажа и претседателот на Македонската асоцијација на преработувачи на земјоделски производи Сашо Ристовски.

- Соработката во изготвувањето на ова нова решение на одлично ниво. Бизнис заедницата треба да е задоволна бидејќи овозможува флексибилност, брзо ангажирање на работна сила и прекинување на ангажманот на лицата кога нема да има потреба, а веројатно ќе придонесе кон зголемувасњње на конкурентноста на стопанството, рече тој.

Според податоците со кои располага МТСП во периодот од 1 јануари до 30 ноември годинава, во Македонија на определено време за сезонски работи се ангажирани 102.678 лица.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?