Залудни преговорите помеѓу Србија и Косово
Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2015 12:17
Новиот круг преговори помеѓу Белград и Приштина заврши по 17 часа без постигнување на договор, пренесоа локалните медиуми.
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека двете делегации, кои ги водеа разговорите во Брисел, не постигнале разбирање за ниту едно од прашањата.
„За жал не постигнавме договор по ниту една точка“, изјавил Вучиќ на излегување од зградата на Европската служба за надворешна политика. Тој исто така, истакнал дека двете делегации биле многу блиску до постигнување на консензус за создавање на алијанса на српските општини, една од четирите теми за кои било дискутирано.
Тој додал и дека има напредок и по прашањето за телекомуникациите, но и покрај тоа не е финализиран конечен договор.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




