29 Септември, 2024
0.0323

Замената за Јужниот тек е добра, но тешко остварлива

Објавено во: Анализа 18 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Најавата на претседателот на Русија Владимир Путин дека Русија е подготвена да разговара со европските партнери за алтернативниот проект Јужен тек, експертите ја оценуваат како добра, но тешко остварлива, но е неопходно да се постигне политичка согласност со Европската унија и да се обезбеди финансирање на тој проект.

Војислав Вулетиќ од здружението за гас во Србија позитивно ја оценува можноста за реализација за нов гасовод, кој би го заменик Јужниот тек, но како што изјавил, прашање е кој ќе го гради гасоводот, бидејки земјите споменати како учесници на тој проект - Грција, Македонија, Србија, Унгарија се во еконмска криза и немаат можност за само финансирање за изградба на гасоводот, пренесува Танјуг.

Претседателот Путин вчера во Будимпешта изјавил дека Русија е спремна на сите европски партнери им даде алтернативен проект за Јужниот тек, но дека нема во план да ја прекине соработката со Турција, со која постигна договор за изградба на нов гасовод Турски тек.

„Доколку не ни сметаат, делот од Јужниот тек ќе се реализира преку Турција, меѓу другото, користејќи ги нашите заеднички вложувања со Унгарија, Србија, можеме да дојдеме до Австрија, што е можно ако има желба од нашите партнери за соработка“, изјавил Путин, додавајќи дека таквите преговори веќе се водат и дека „постојат различни варијанти“ за тој проект.

Вулетиќ напоменал дека е потребно да се постигне согласност со Европската комисија околу тој можен нов проект, за чие несогласување пропадна и претходниот гасовод Јужен тек.

Тој оценил дека премиерот на Унгарија Виктор Обран, со кој Путин вчера постигнал политички договор за снабдување на Унгарија со гас, може да проба да ги „омекне ставовите на ЕУ по прашањето за реализација на новиот гасовод“.

Некои далечни земји како што се Катар, Нигерија, Индонезија во последно време и САД, која добива гас од шкрилци, располага со големи количини на гас, но тој гас би морале прво да го претворат во течна состојба и да се произведува во тие далечни краеви, што е многу поскапо отколку рускиот гас, изјавил Вулетиќ .

Вулетиќ поради големите трошоци и сомневања во економската исплатливост на изградба на терминали за течен гас на островот, каде би пристигал гасот од САД, кој се произведува од шкрилци.

И уредникот на сајтот Енергопортал Драган Недељковиќ укажал дека „не е баш јасно колку чини тој американски гас од шкрилци, со оглед на тоа дека некои стручни анализи наведуваат дека за истата количина на производство на нафта која ја обезбедува еден бунар од Саудиска Арабија, во Калифорнија се потребни 1600 бунари“.

За гасоводот од Азербејџан, Недековиќ смета дека е добар проект, но дека нема доволно гас и дека се САД во тој проект „ малку го воздигнале“ бидејки како што кажал им треба конкуренција на Русија, која сака да ги исклучи од европкиот пазар на гас.