ЗАМП прати абер, велат дека работат законски и чесно
Објавено во: Економија 24 Јануари, 2013
Управниот и Надзорниот одбор на ЗАМП на седниците одржани на ден 23.01.2013 год. во врска со настанатите проблеми во подрачјето на заштитата на музичкото творештво во Република Македонија усвои некои заклучоци, со кои сака да се надоврзе на иницијативите кои денови се упатени кон нив.
Според ЗАМП, загрижувачки е обидот преку медиумите, кои се во исклучива контрола на корисниците, да се пласираат низа дезинформации и заблуди, меѓу кои најчестите се дека се работи за “нова јавна давачка и такса”, “дека во ЗАМП се работи нетранспаретно и дека постои криминал”, “дека распределбата на надоместоците е неправилна”, “дека во неа треба да имаат увид корисниците”, “дека средствата не стигнуваат до авторите” итн. ЗАМП биле транспаретни, годишно го објавувале извештајот од својата работа Реагираат на медиумските прозивки за нетранспаретноста во нивното работење. Медиумите неколку пати укажаа дека немаат вистинска слика околу тоа на кој начин се врши исплатата кон странските изведувачи, а не ретко и самите изведувачи се жалат на сиромашните хонорари кои ги имааат од ЗАМП. Прозваните решија да одговораат на ова обвинување. Па според нив, транспарентноста во работењето на ЗАМП пред сè е застапена преку објавувањето на завршната сметка на веб страницата на ЗАМП во која може да се согледаат целокупната структура и износи на приходите и расходите, вклучувајки ги и процентите што според законските норми се издвојуваат за авторите (80%) и за администрирањето на заштитата (20%). Европски примери за македонски стандардиИ членовите на ЗАМП, но и на ММИ се повикуваат на европската регулатива. Со оглед на тоа што авторските права се дел од европскиот аквис (општ закон), Република Македонија не може да очекува поддршка во нејзините евроинтеграции доколку во своето законодавство не ја содржи соодветната правна регулатива и доколку доследно не ја спроведува.
ЗАМП бараат никој да не навлегува во нивната приватност, но тие би сакале пари од емитувањето и на шпиците и рекламите
ЗАМП се обиде со серија обвинувања да го оспори барањето на медиумите и хотелиерите во врска со наплатата за слушањето музика. Тие велат дека се изненадени од најавата на дел од приватните електронски медиуми “дека ќе престанат да користат македонска музика”, што е во директен судир со Законот за радиодифузија каде е наведен задолжителен процент на македонско творештво, вклучително и музичко, во програмата на овие медиуми (30%). Освен тоа, ваквата најава покажува и непознавање на проблематиката на авторското право, во кое под категоријата на музика не влегуваат само „песни”, туку и сета друга музика која се користи во најавни и одјавни шпици, авиза, џинглови, реклами итн. Доколку се одлучат да применуваат ваква одлука, покрај кршењето на Законот, овие медиуми ќе треба да запрат и со емитување на сите шпици, џинглови, реклами итн., бидејќи најголемиот дел од нив се изработени од македонски автори.Спротивно на ова последно нивно тврдење, сите медиуми поседуваат договори дека исплатиле хонорари за користењето на авторските дела. Сето ова дополнително ќе ја закочи и онака тешката состојба со македонската музика. Конечно, можеби и самите музичари се виновни заради она што се случува, тие некако сакаат да останат во сенка, а ова најмногу нив ги засега. Интересно е да се напомене дека во популаризирањето на нивната музика најмногу придонесуваат токму медиумите, па затоа не би смееле да бидат без свој став.
Музичарите по страна, чекаат некој со волшебно стапче
Патем и да не заборавиме, голем дел од музичарите кај нас никогаш не издале албум, а досега скоро никој не издал сингл. Тогаш за што да платат субјектите кои сакале да го подржат музичарот и да дадат придонес за македонската музичка продукција? Затоа што имале добра волја? Кому плаќаат музичарите кога на својот плејбек настап пеат симнати без дозвола песни од странски изведувачи, а притоа добиваат одличен хоморар од 400 евра
Британците како репер наплаќат на сите кои прават ковер на песна Само за паралела нека пробааат да стасаат до ББЦ и МТВ. Еве го само за потсетување примерот за земјата која важи за создаваш на хитови.Во Британија, земјата која може да се смета за репер за музика во секоја смисла на зборот, доколку некој сака да направи кавер верзија на песна, мора да го информира друштвото за заштита на механички права MCPS. Тоа е задолжено за заштитата на авторските права на носач на звук. Тоа ја издава дозволата за снимање на песните од нивната колекција. За тоа не наплаат надомест. Агенцијата по автоматизам ги собира сите авторски права за песната од дискографската куќа за изведувачот на песната. Изведувачот плаќа кога има сопствена дискографска куќа одредена такса за копијата по продажна цена на конкертниот примерок. И во другите земји од ЕУ имаат вакви здруженија на композитори. Изведувачките права ги штити друго здружение кое исто мора да има регулирани обрски согласно законот.