20 Декември, 2025
0.0881

Жана Божиновска: Ова е историски договор

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018 09:47

Добивај вести на Viber

Ова е договор кој ги обедини властите од една страна и опозицијата од друга во двете земји.  Секако дека не е идеален но е историски, вели новинарката Жана Божиновска, кој го следи процесот за решение меќу двете земји сите изминати години.

„Договорот ги обединува власта и опозицијата во двете земји - едните веднаш се пофалија дека постигнале успех и историски договор, другите го окарактеризираа како пораз и капитулација. Секако дека постигнатиот договор не е идеален, но е историски, ако ништо друго барем според она колку време траеше. А другото значење на „историски” допрва ќе треба да се анализира, затоа што ќе се види дали е ова максимумот што можеше да се извлече, дали навистина ги задоволува најважните национални интереси. 

Но, факт е дека интеграцијата во ЕУ и во НАТО е императив, барем за мнозинството од граѓаните во Македонија, исто како што е факт дека без договор за името, таа интеграција останува далеку од дофатот. А, во право се оние кои велат дека изолацијата е страшна работа. Сепак, ќе треба да почекаме уште некое време да видиме дали и како сето напишано ќе се реализира. Во меѓувреме ќе ги слушаме аргументите на двете страни. Владите ќе зборуваат дека се зачувани најважните национални интереси, Грците-ерга омнес, нашата Влада- јазикот и националноста, ќе аргументираат дека не е премината црвената линија. Но дали ќе ги убедат граѓаните? За нив не се доволни пораките од меѓународната заедница дека договорот е фантастичен, историски, добар, како нив да им паднал камен од глава, Заев и неговите министри допрва треба да ги убедат дека нудат шанса, вели Божиновска

Додава само дека на прашањето дали можеше да се постигне подобар договор, одговорот е да, но во некое друго време во минатото. Тоа време, вели е неповратно загубено.

Фактор ќе објави мислења на повеќе јавни личности, професори, новинари, познавачи во однос на објавата на Владата, вчера, дека е постигнато решение за името и договор за спорот со Грција


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки