Добивај вести на Viber
На први ноември истекува рокот за државните субвенции наменети за занаетчиите што се делат преку министерството за економија. Станува збор за вкупна сума од 20 .000 евра или по најмногу 5 .000 евра за еден проект. Досега се поднесени пет апликации.
“Апелирам до сите занаетчии да аплицираат за субвенциите и доколку се види дека навистина има интерес, сега кога се уште сме во фаза кога треба да се предложи буџетот до Министерството за финансии, за следната година ќе предложиме да се одвојат повеќе средства, истакна министерот Валон Сраќини додавајќи дека е важно занаетчиите да имаат конкретни проекти.
Слабиот интерес кај занаетчиите за овие субвенции се објаснува со недоволната информираност и токму поради тоа сега Комората ќе започне со едукација на занаетчиите како да аплицираат со конкретни проекти за субвенциите.
занаетчиите се мали фирми со по двајца вработени за кои не се доволно едуцирани како да аплицираат за парите, вели Глигор Цветков, претседател на занаетчиска комора на Македонија. Затоа според Цветков мора да се побара помош од Министерството за обука за изготвување на проектите.
Официјални бројки за тоа кој се се занимава со занаетчиска дејност нема, но според Комората на занаетчии се забележува тенденција на сериозно намалување. Причината за тоа е неможноста да се одржуваат старите занаети, едно поради слабата достапност до кредитите друго поради слабиот интерес од новите генерации да се занимаваат со дејноста на своите предци.
Кризата го допре и занаетчиството во регионот . Хрватските занаетчии досега затвориле голем број дуќани но се надеваат дека состојбата полека ќе с стабилизра. Според претседателот на занаетичската комора на Хрватска Драгутин Раногајец, занаетчиите можат да се изборат со кризата бидејќи на неа треба да гледаaт како на можност за развој и за отворање работни места.
- “ Во хрватскато занаетчиство во последните три години затворени се повеќе од 30.000 занаетчиски дуќани, но имаше и отворање на некои нови, така што останавме на 87.000. Верувам дека конечно го допревме дното и оти ќе тргнеме кон опоравување. Кризата е секогаш и шанса за оние кои знаат, можат и сакаат да направат повеќе за себе, но и за отворање работни места, изјави Раногајец
Во рамките на саемот Макинова, македонските занаетчии ќе учат од хрватските колеги како да го развиваат малото стопанство и од каде да најдат пари за финансирање.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.