Западниот Балкан би требало да биде изземен од забраната за патување во ЕУ
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Јуни, 2020
Во наредните денови треба да биде објавена препораката на Европската Комисија (ЕК) за отворањето на внатрешните и надворешните граници на ЕУ. Се очекува таа да препорача изземање на земјите од Западниот Балкан од забраната за патување што ќе важи за третите земји, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Препораката на Европската Комисија до земјите членки за отворање на
границите треба да биде објавена до крајот на оваа недела, рече за
МИА портпаролот за внатрешни работи, Адалбер Јанз.
Според извори во Европската Комисија, “големи се шансите“ да биде
предложено изземање на шесте земји од Западниот Балкан од
забраната за влез што ќе важи за останатите трети земји.
За балканските дипломати во Брисел ова се смета како „уште еден
силен политички сигнал“ за посветеноста на ЕУ кон регионот.
Сепак, крајната одлука за движење е во рацете на земјите членки на
Унијата кои самостојно одлучуваат дали ќе ја прифатат препораката на
Европската Комисија и како ќе ја применат, меѓу другото земајќи ја
предвид епидемиолошката состојба во секоја поединечна земја,
состојба врз основа на која можат да одлучат дали ќе дадат дозвола за
влез на нивна територија или не.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.