Западноевропските туристи се исплашија од политичката криза во Албанија
Објавено во: Балкан 02 Април, 2019
Масовните протести на опозицијата во соседна Албанија доведоа до политичка криза во земјата. Оваа состојба во соседството ги исплаши западноевропските туристи. Според Здружението на албанските туроператори повеќе големи групи со туристи кои биле најавени за крајот на март и почетокот на април биле откажани.
Најмногу од групите кои ги откажале посетите во Албанија биле туристи од Велика Британија, Германија и Израел, потврдуваат од Здружението на албанските туроператори и тие се плашат дека доколку продолжи тензичната политичка ситуација во Албанија ќе бидат откажани многу повеќе туристички групи и албанските туристичките работници ќе се соочат со загуби.
Минатата година Албанското крајбрежје било посетено од рекорден број на туристи, околу шест милиони , или 16 отсто повеќе во споредба со претходната 2017 година.