28 Ноември, 2024
0.0267

Запира ли Кинескиот воз?

Објавено во: Анализа 03 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Минатата недела Кина имаше најголемо влијание на цените на светските акции. Гигантот од истокот беше главна вест поради стравовите дека растот кој што се креира е вештачки и истиот е создаден со масовен раст на кредити кои добар дел одат за промашение проекти. Џим Роџерс светски познатиот инвеститорски гуру, кој во основа е постојан песимист отиде најдалеку во тврдењата, велејќи дека кинеската економија реално расте до 3%. Според него не се создава мал кредитен балон, туку масивно вештачко пумпање на економијата. Кина навистина масивно интервенираше во економијата и успеа да задржи исклучително силни стапки на раст. Помеѓу 2008 и 2011 година беа потрошени 2,5 трилиони долари за градење на мостови, аеродроми и останати инфраструктурни проекти. Сепак од денешна перспектива еден дел од овие проекти се покажаа како промашени, па така и како што пишуваме порано, можеа да се забелажат гомел број на мостови кои не водат никаде, цели стамбени блокови во кои не живее никој. Целта е постигната, земјата продолжи силно да расте, но некои економисти како Роџерс сметаат дека сега доаѓа време за подмирување на сметките. Според Гордон Ченг автор на книгата “Колапсот на Кина во доаѓање” еден од главните индикатори дека работите воопшто не стојат розово е потрошувачката на електрична енергија. Според овој автор, статистиката до сега покажала дека потрошувачката на струја е во значајна корелација со растот на БДП. Па така целата економија расте во 85% од износот на растот на струјата. Во првиот квартал потрошувачката на струја е зголемена за 2,9%, што би рекло дека реалниот раст на економијата е некаде околу 2,5%. Оваа бројка е премногу далеку од официјалните 7,7%. Експертите велат дека Кина е слична на САД во 1979 година кога под раководство на тогашниот претседател на ФЕДот Пол Вокер почна да води битка со инфлацијата која ја зафати економијата.  Таквата борба е многу тешка и во оваа фаза е сеуште рано да се каже како кинеската централна банка ќе се справи со целата ситуација. Официјалното соопштение на централната банка е дека банкарскиот систем е здрав, резерви има сосема доволно и не станува збор за никаков крах на кредитирањето. Згора на ова се потенцира дека земјата има девизни резерви од фантастични три трилиони долари кои ќе бидат сосема доволни доколку се јави потреба од дополни интервенции на пазарот. Редакција Фактор

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.