29 Септември, 2024
0.0268

Запленети 300 килограми марихуана на ГП Богородица: Каде требало да ги пренесе Гркот кој е лишен од слобода?

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, на влез во Република Македонија запленија околу 300 килограми марихуана.

Имено, на 28 јануари 2018 година, на влез од Р. Македонија на  царинска испостава Богородица - отсек за патнички промет, со транзитен царински документ се пријавил осомничениот Е.П (36) грчки државјанин кој управувал товарно моторно возило со грчки  регистарски таблички. Дел од стоката (облека, рутери, профили, канти поликолор и др.) која ја пријавил за царинење била натоварена во Атина, Грција и истата според документи требало да биде пренесена до Германија, додека пријавениот ориз од Камбоџа требало да биде транспортиран до Холандија.

При прегледот на стоката сместена во полуприколката од возилото, царинските службеници забележале 4 дрвени палети на кои биле сместени вкупно 95 полиетиленски вреќи, кои според фактурата требало да бидат наполнети со ориз. По отворањето на сите вреќи, во дел од нив  сокриени низ оризот, пронајдени биле вкупно 75 алуминиумски вреќи обвиткани со проѕирна стреч фолија наполнети со марихуана со тежина од околу 300 килограми. Марихуаната требало да  биде пренесена до нарко - пазарите во земјите од западна Европа. Вредноста на запленетата наркотична дрога при продажба на големо би достигнала износ од околу 800.000 евра.

Осомничениот Е. П. е лишен од слобода, а Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“