02 Декември, 2024
0.0969

Започна исплатата на првите договори од европската ИПАРД 2 програма, досега само за првиот јавен повик се склучени 898 договори

Објавено во: Агробизнис 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Од денска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со  првите исплати за финансиските средства од договорите склучени со последниот повик за ИПАРД 2 Програмата. Денеска се исплатени првите 10 барања. Преку ИПАРД 2 до денеска се склучени рекордни 898 договори во вкупна вредност на побарувани средства од 15,6 милиони евра, од кои 11,7 милиони евра се од европските фондови. Се очекува вкупната бројка на склучени договори да биде над 900 договори.

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалнилката на опптина Арачиново, Миликије Халими, денеска го посетија земјоделецот Алмир Ќаили во село Грушино, општина Арачиново. Амир е успешен пример кој со помош на средства од европските фондови, од ИПАРД, инвестирал во производството односно во набавка на современа механизација со која го олеснил и ги намалил трошоците. Амир има искористено средства од ИПАРД 1 програмата, и сега повторно преку ИПАРД 2  чека исплата на околу 20.000 евра за современа механизација.

„Ова е уште еден добар пример за искоритсеност на парите од ИПАРД прогрмата Ова покажува дека со здружени сили со јакнење на Платежната агенција, со оваа евроатланска интеграција и енергија која што постои во државата, со преземањето на сите активности за забрзување на постапките за овој но и за следните повици можеме само во еден повик да стигнеме до бројка на склучени договори која што може да биде  поголема од вкупно склучените договори кои што ги имаме на предходните 12 огласи. Земјоделското е клучниот секотр на кој што се потпира Европската унија, затоа и 40 отсто од буџетот на ЕУ оди за земјоделство. Ако направиме споредби со земјите од регионот кои го поминаа патот кон кој ние сега силно чекориме, ќе видиме дека оваа поддршка за 10 пати ќе биде зголемена, пари кои ќе се искористат за модернизирање на земјоделството“, изјави министерот Николовски.

Директорот на Платежната агнеција, Бабовски изјави дека само со осовременување на земјоделското производство може да дојдеме до конкурентни производи кои на европскиот пазар ќе бидат промотор за Македонија, а за таа цел е потребна ефикасна искористеност на европските фонодви на што МЗШВ и агенцијата посветено работат.

Преку ИПАРД 2 Македонија од Европската Унија доби 60 милиони евра за инвестиции за модернизирање на земјоделството. За следната 2019 година е договорена поддршка од ЕУ во износ од 15 милиони евра. 

Министерот Николовски посочи дека членството во НАТО и влезот во ЕУ ќе значи повеќе европски средства за субвенции, за механизација, за повисок приход, зголемување на средствата за поддршка на земјоделство, младите македонски земјоделци ќе имаат повеќе можности за повисоки приходи и градење на успешни агробизниси, модернизирање и  развој на земјоделството со помош на европските фондови, сигурни откупи и нови вработувања.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.