Започнува највозбудливата наградна игра на „Моја Кравица“ - главната награда е семејно патување во Дизниленд
Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2025 14:02
Наградната игра ќе трае од 15 септември до 26 октомври 2025 година и има за цел да понуди уникатно искуство и дополнително да ја зајакне поврзаноста со потрошувачите. „Моја Кравица“ чоколадно млеко со децении е симбол на вкус и радост во секое семејство. Денес, тоа е бренд кој ужива доверба кај потрошувачите, препознатлив по својот автентичен вкус, врвен квалитет и топлина што ја внесува во секојдневните моменти, правејќи го омилен избор за малите и за големите.
Моја Кравица наградната игра секоја недела ќе носи нови радости: ќе се доделуваат по три iPhone 15 телефони, три PlayStation 5 и пет пакет производи, што ја прави оваа наградна игра една од највозбудливите досега. Најсреќниот добитник ќе замине на семејно патување во Дизниленд - дестинација што е симбол на фантазија и авантура и за младите и за возрасните!
Учеството во наградната игра е едноставно и лесно достапно за сите. Секој потрошувач што ќе купи било кои два производа од портфолиото на Моја Кравица (чоколадно млеко, милкшејк или пудинг) добива право на учество во извлекувањата - сѐ што треба да направи е да го испрати бројот од фискалната сметка и времето на купување со назнака „Моја Кравица“ преку СМС на телефонскиот број 145 111.
Регистрацијата може да се направи бесплатно и преку веб-страницата на следниот линк: https://bimilk.mk/moja-kravica-nagradna-igra/, каде што се достапни сите информации за наградната игра. Извлекувањата ќе се одржуваат еднаш неделно, а добитниците ќе бидат објавувани секоја среда на официјалната веб-страница како и на социјалните мрежи на bimilk и imlekmk. Извлекувањето на главната награда е на 27.10.2025 година.
Со оваа наградна игра, „Моја Кравица“ продолжува да ја гради својата силна врска со потрошувачите, нудејќи радост, изненадувања и моменти што остануваат во семејната меморија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





