20 Декември, 2025
0.0369

ЗАПОЧНУВА ШОПИНГ ЛУДИЛОТО - Хрватите очекуваат дека ќе го надминат минатогодишниот рекорд

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2022 16:19

Добивај вести на Viber

Хрватска очекува годинава да ја заврши со солиден раст на БДП, особено ако се споредува со другите земји од ЕУ. Ова според, трговците е позитивно и нема причина за страв од рецесија. Претседателот на Трговското здружение ХГК од Хрватска, Ивица Катавиќ смета дека нема причина да се плаши населението со рецесија или недостиг - секој подобар трговец има свои доверливи добавувачи и нема да се јави недостиг од производи на пазарто. 

А тамошните трговци оваа година уште порано го приближија празникот пред граѓаните. Сјајните излози ги мамат клиентите, паралелно со попустите кои започнуваат со црниот петок, но наводно траат низ цел ноемеври. 

- Само на „црн петок“ трговијата на мало „ожнеа“ 16 проценти повеќе пари отколку во предпандемиската 2019 година, вкупно 439 милиони куни, а во „црната“ недела вртоглави 2,5 милијарди куни, што е дури 29 отсто повеќе отколку во истиот период пред три години, но и за околу 180 милиони куни повеќе отколку во божиќната недела од минатата година. И на крилата на малку повисоките плати, горе-долу во согласност со инфлацијата и пензиите, малку повисоките божиќни бонуси и посебните ослободени од данок награди од работодавачите кои се веќе на сметките на дел од граѓаните, продолжува потрошувачката треска - објавува „24часа“.

Економски аналитичари, футуристи и други познавачи на можностите во трговијата велат дека се уште е рано да се каже на која цифра би можела да застане декемвриската пресметка на Даночната управа, но се согласуваат дека е извесно дека ќе биде повисока од ланските рекордни 17,5 милијарди куни во сите активности.

Хрватската стопанска комора и годинава се држи настрана од предвидувањата. Но, личното мислење од претседателот на Здружението на трговија ХГК и првиот човек на КТЦ „Крижевиќ“, Ивица Катавиќ, потрошувачката за празниците секако ќе бидат повисока, пред се поради инфлацијата, која е присутна во текот на целата година и во октомври беше 13,2, а особено за храна и безалкохолни пијалоци високи 19,7 отсто, пишува тамошните медиуми. 

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација