07 Октомври, 2024
0.0267

Започнува „тајната“ седница за разрешување на Јанева

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Денес започнува седницата на собраниската комисија за избори и именувања за разгледување на извештајот на Советот за јавни обвинители кој треба да биде разгледан и прифатен заради разрешување на специјалната обвинитека Катица Јанева, инаку осомничена во аферата „Рекет“.

Шефот на парламентарната комисија за избори и именувања, Илија Димовски, побара состанокот да биде јавен, а извештајот да се декласифицира со цел да се испочитува големиот јавен интерес, но по се изгеда седницата ќе биде зад затворени врати бидејќи материјалот вчера повторно беше оценет како доверлив од страна на Советот за јавни обвинители. За декласифицирање ќе биде потребно да гасаат две третини од 13-те пратеници-членови на комисијата, но тоа е тешко остварливо.

Советот на јавни обвинители не го декласификуваше извештајот со кој се препорачува разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Во одговорот на Советот, повикувајќи се на Законот за кривична постапка, се вели дека извештајот треба да се разгледа на состанок зад затворени врати за да не и се наштети на истражната постапка во случајот „Рекет“.

Димовски тврди дека 10-тете страни класифициран извештај на Советот на обвинители, кој се однесува на постапките на Јанева во случајот „Империја“, содржат доволно елементи Комисијата за избори и именувања да заклучи, а потоа да ја разреши Катица Јанева од позицијата шефица на СЈО. Инаку, откако Комисијата за избори и именувања со мнозинство гласови ќе го одобри заклучокот, пред да се свика пленарната седница, Димовски бара консензус меѓу четирите најголеми политички партии во Собранието за предлогот за разрешување на Јанева.  

Неофицијално се дознава дека по гласањето во Собранието со 2/3 од гласовите за разрешување на Јанева од Специјалното обвинителство и по нејзиното враќање како што се предвидува со Закон во Основното јавно обвинителство, Советот на јавни обвинители, врз основа на нејзините постапки во случајот „Империја“ ќе и го одземе мандатот на Јанева, така што таа никогаш повеќе нема да ја врши професијата обвинител.



Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер