Zara, модна империја заснована на нетрадиционална бизнис идеја!
Објавено во: Анализа 18 Ноември, 2013 09:19
Шпанија од секогаш бил најголемиот пазар на Zara, но во 2013та Кина ја претекна Франција и стана вториот најголем пазар на компанијата со 142 продавници од брендот на својата територија. Експанзијата во Кина е вистински предизвик за секој трговец на големо а за Zara може да се покаже како уште поголем бидејки е глобална компанија која не работи на локално ниво.
- Тајната на успехот е во централизацијата, тврди Фелипе Каро доцент по менаџмент и бизнис на универзитеот во Калифорнија.
Според него способноста на Zara да го контролира целиот бизнис од Артеиксо е клучен дел од нивниот бизнис модел.
Zara располага со огромен центар за дистрибуција, кој се наоѓа во блзиина на централата. Компанијата произведува околу 450 милиони артикли годишно кои се распоредуваат во сите 1770 продавници во 86 држави. Околу 150 милиони парчиња облека минуваат низ центарот за да бидат проверени и подредени. Независно дали е едно парче е произведено во Португалија, Мароко, Кина или Бангладеш таа задолжително оди во Шпанија пред да биде испратена до одредена продавница.
Зад целото производство стојат 11 заводи кои се во сопственост на Zara. Секој џемпер или ролка кои се создаваат се испраќаат во центарот за дистрибуција преку автоматизиран подземен транспорт. Во близина на регионот Галисија се наоѓаат подизведувачите од кои дел работата за комапнијата од нејзиното создавање во 1975та година од Амансио Ортега.
Основачот на Zara сега има 77 години и е третот најбогат човек во светот. До 2011та тој е претседател на Inditex, компанија создадена околу Zara. Таа вклучува седум други брендови и е нај големиот трговец на големо во светот. Минатата година нејзините 6009 продавници направија приход вреден 16 милијарди евра. Во 2013та компанијата отвара дополнителни 400 продавници од кои 110 се од брендот Zara.
K. K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





