Заработете и до 100.000 долари од производ од пчели
Објавено во: Економија 25 Февруари, 2018 08:13
Српските пчелари открија многу попрофитабилен бизнис од производството на мед - собират отров за пчели, кој може да достигне цена и до 70.000-100.000 долари. Најскапиот производ од пчелите најмногу го купуват козметички компании од САД, а го користат за скапи креми против брчки и ботокс, производство на лекови за кардиоваскуларни и ревматски болести, како и за лекарства за над 40 најтешки типови на автоимуни болести. Останува да видиме, дали овој профитабилен тренд ќе го прифатат и македонските пчелари.
- Производството на отров од пчели е пионерски потфат. Многу мал број пчелари го работат тоа. Законски не се регулирани ниту производството, ниту пак бизнисот со отровот од пчели, поради што принудени сме преку Босна да испраќаме пратки со отров во Америка. За 100 грама отров се добиваат околу 7.000 долари - изјави Топлица Ѓорѓевиќ, претседателот на српското Здружение на пчелари, кој има над 10.000 пчелини кошници.
Процесот на производство на отровот од пчела трае 45 минути. За да се добие еден грам потребни се 15 пчелини колонии, кои мораат 1.000 пати да боцнат. Процесот не е едноставен, а во ваквиот бизнис лидери се Русите и Кинезите, каде што оваа земјоделска гранка е многу развиена.
Отровот од пчелите е смеса на органски киселини и различни хистамини, и се користи во апитерапијата за лечење на одредени болести. Претходно се користеше за санација на реума, запаление на зглобови, ишијас, а во последно време и кај болните од Паркинсова и Хочкинсова болест, мултиплекс склероза, како и при лекување на зависностите. Истражувањата исто така покажуваат дека отровот од пчели има многу силен токсичен ефект на болните клетки, поконкретно, на клетките зафатени од различни канцери, јави Б92.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




