02 Декември, 2024
0.0716

Заради враќање на довербата, Дукат одлучи времено да ги повлече од продажба сите млека во Македонија

Објавено во: Агробизнис 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Претставништвото на Дукат во Македонија самостојно донесе одлука времено да ги повлече од продажба сите млека од овој бренд кои се наоѓаат на македонскиот пазар и покрај тоа што за нив Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија потврди дека не содржат микотоксини над законски пропишаните граници, односно се безбедни и здравствено исправни., соопштуваат од компанијата. „Следната пратка од било кое од млеката на Дукат која ќе биде испорачана во продажната мрежа во Македонија, покрај сите редовни микробиолошки контроли на млекото кои се спроведуваат согласно законските прописи и правилници, ќе помине и низ новиот паралелен систем за контрола на присуството на афлатоксин М1 во суровото млеко, што компанијата Дукат прва во регионот дополнително го воведува во сите свои производствени капацитети, иако според законската регулатива тоа не е обврска на млекарниците“ се вели во соопштението од Дукат. Според соопштението, на таков начин, производите на Дукат од новата серија, која за краток временски период ќе биде испорачана на македонскиот пазар, ќе бидат првите и засега единствени двојно проверени и сигурни млека на пазарот. Претставништвото на Дукат во земјава се одлучи на овој чекор со единствена цел да ја поврати довербата кај потрошувачите во безбедноста и квалитетот на млеката на Дукат и воедно да ги увери потрошувачите дека нема причина да чувствуваат несигурност и страв при нивната консумација. „Потенцираме дека временото повлекување од продажните места во Македонија ќе се однесува само за трајните млека на Дукат. Останатите млечни производи, меѓу кои јогуртите, киселите млека, сирењата, намазите и другo, нема да бидат повлечени, со оглед на фактот дека тие веќе се потврдено проверени“ стои во соопштението од Дукат Македонија

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.