Заразени со коронавирусот се 76 ученици и 123 наставници
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Март, 2021
Заразени со коронавирусот се 76 ученици и 123 наставници од наставата со физичко присуство.
Ова е во согласност со вчерашните извештаи од училиштата, информираат за МИА од Министетството за образование и наука.
„Хибридниот модел на настава резултира со помалку од 1 процент активни случаи на КОВИД-19 од наставниците и учениците кои се со физичко присуство. Во сите училишта каде што има позитивни случаи во наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес. Доколку, пак, има проценка од епидемиолозите дека наставата треба да продолжи онлајн, се презема таква мерка од страна на училиштето во координација со родителите“, велат од МОН.
МОН дневно ја следи состојбата со вирусот во училиштата. Во земјава деновиве има над 1.000 заразени со коронавирусот, а меѓу починатите имаше и млади луѓе. Вчера имаше 1.347 заразени со коронавирусот.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.