ЗАРАЗЕНИ ВО ФРАНЦИЈА: Не се само постарите лица во ризик
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Март, 2020 19:45
Во Франција, повеќе од половина од пациентите со коронавирус на интензивна нега се под 60 години, што укажува дека не се само постарите лица во ризик, објави Бизнис Инсајдер.
Половина од 300 пациенти со коронавирус кои се наоѓаат на интензивна нега во Франција се под 60 години, изјави високиот службеник за здравствена заштита во земјата, Жером Саломон, за време на викендот.
Светската здравствена организација посочи дека коронавирусот најсериозно ги погодува старите лица.
Оваа претпоставка се чини дека важеше во Италија и влијаеше врз здравствените мерки на владите, вклучително и во САД и Велика Британија.
Саломон исто така рече дека Франција се бори да спречи појава на епидемија, бидејќи луѓето ги игнорираат препораките за да избегнат собирање на јавни места.
Франција е една од најтешко погодените земји во Европа, со повеќе од 5.000 случаи од понеделник. Но, во многу полоша состојба е Италија.
фото Reuters
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи





