29 Септември, 2024
0.0224

Зарем е тоа се што може ЕЦБ?

Објавено во: Анализа, Економија 02 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Новата недела, прва за декември, ќе помине во знакот на централните банки. Традиционални месечни седници ќе одржат банкарите во Велика Британија, Канада и Австралија, но главното внимание ќе биде насочено кон Европската централна банка (ЕЦБ). Причината се последните податоци за инфлацијата на Стариот континент, која уште еден месец по ред се забави, останувајќи далеку под целните нивоа на регулаторорт со седиште во Франкфурт. Кина ќе ги претстави официјалните податоци за производствена активност, како и сличен индекс на британскиот кредитор HSBC. Велика Британија исто така ќе го објави својот производствен индекс, како и податоците за нето кредитирање на физички лица. Во САД Институтот за менаџмент на снабдувачи ќе ги претстави податоците за производствената активност. Во вторник Австралија ќе ги објавува податоците за тековната сметка. Подоцна во текот на денот Централната банка ќе ја објави одлуката за основната каматна стапка и ќе го објави својот извештај, кој ќе ги претстави економските услови и фактори кои влијаеле врз одлуката. Во еврозоната Шпанија ќе ги претстави податоците за промените во бројот на вработените. Британските власти пак ќе го објават извештајот за активноста во градежниот сектор. Во средата (3-ти декември) Австралија ќе го објави извештајот за економскиот раст во третиот квартал. Во Кина се очекуваат официјалните податоци за активностите во секторот на услугите, како и секторот индекс на HSBC. Еуростат ќе ги објавува податоците за продажбата на мало - мерката на потрошувачката, која го сочинува поголемиот дел од вкупната економска активност. Во САД се очекуваат податоците на Automatic Data Processing (ADP) за новите работни позиции во приватниот сектор. Централната банка на Канада ќе ја објави одлуката за главната камата и ќе го објави својот традиционален извештај кој ќе ги нагласи економските услови и фактори кои влијаеле врз одлуката. Подоцна во среда, Институтот за менаџмент на снабдувачки ќе објави извештај за активноста во американскиот сектор на услугите. Во четвртокот (4-ти декември) Австралија ќе ги објавува податоците за продажба на мало и трговското салдо - разликата помеѓу вредноста на увозот и извозот. Во Велика Британија се очекуваат податоците за инфлацијата на цените на куќите. Англиската централна банка ќе ја објави својата основна каматна стапка. Малку подоцна во текот на денот и ЕЦБ ќе ја заврши својата седница што ќе биде проследено со прес-конференцијата на претседателот на институцијата Марио Драги. Во САД се очекува традиционалниот неделен извештај за првичните молби за помош при невработеност. Во петокот (5 декември) Германија ќе ги претстави податоците за фабричките нарачки. Швајцарската централна банка ќе ги објави податоците за своите девизни резерви. Властите во САД ќе стават крај на работната недела, претставувајќи го извештајот за новите работни позиции надвор од земјоделскиот сектор, како и податоците за невработеноста и просечните примања и фабричките нарачки. К.К.