ЖАРИШТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Oва е место каде се вработени и Македонци
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Јуни, 2020
Во кланица во Германија која е жариште на коронавирусoт, работниците живеат во ужасни услови, а меѓу нив има и Македонци.
„До неодамна, во оваа куќа живееја 13 работници од месарницата“, вели во репортажата на „Дојче веле“ Инге Бултшнајдер, која со години работи за подобрување на работните услови на бугарските, романските, полските и македонските работници.
Зад објектот се наоѓа стар замрзнувач кој очигледно е сè уште полн со месо.
Пред неколку години, таа организирала демонстрации пред овој и другите објекти за сместување за да привлече внимание на условите за живот на работниците од Источна Европа.
„Доаѓаат од Северна Македонија, не зборуваат германски, некои зборуваат малку англиски. Тие велат дека никој со денови не им донел ништо за јадење. Покрај тоа, за нив е тешко бидејќи немаат контакт со своите семејства дома. Не им е дозволено да излегуваат надвор, а во овие простории немаат интернет“, се опишува во репортажата.Локалните власти неодамна објавија дека од 6.140 вработени во кланицата, 1.553 се позитивни, а се очекува дека ќе има позитивни и кај нивните семејства.
Во светот сега има над 9 милиони заразени од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.