05 Декември, 2025
0.0479

Заштитник на народот или обичен популист?

Објавено во: Анализа 06 Октомври, 2013 10:33

Добивај вести на Viber

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа е дел од лидерите на Јужна Америка кои се противат на политиките на САД и со тоа преставуваат трн во око на сите американски претседатели.

Кореа го тера својот трет претседателки мандат и има исклучително висок рејтинг кај својот народ. Инаку, тој е исклучително образован човек кој својот докторат го стекнал на универзитетот во Илиноис во САД. Тој е економист која кога дојде на власт го суспендираше јавниот долг на Еквадор велејќи дека истиот е не е направен во интерес на народот и дека тој таков долг не признава. Ваквите примери во светот се ретки но постојат. Кореа иако под притисок дека ќе биде тужен од банките сепак успеа до крај да издржи во неговата политика и да го намали јавниот долг за 60% по овој основ. За време на неговиот мандат успеа значително да ја намали сиромаштијата и невработеноста во својата земја. На изборите во 2013 година со 57% од гласовите го доби третиот претседателски мандат. Еквадор денеска, гледано по глава на жител има ист БДП како Македонија.

Во Еквадор се наоѓа Јасуни Паркот, кој според ОН е дел од таканаречената светска биосфера и има големо значење за земјата. Пред шест години претседателот Кореа побара од светот 3,6 млијарди долари донација за да може овој огромен парк да се зачува таков каков што е.

А зшто не би се зачувал?

Еквадор е економија која многу се потпира на производството на нафта. Благодарение на овој ресурс кој сочинува 50% од вкупниот извоз на земјата и благодарение на контролата која Кореа ја има на неговото производство земјата стигна до стапка на невработеност од само 4,8% и сиромаштија од само 17,4%. Кога Кореа ја превзема земјата сиромаштијата беше 40%.

Веднаш штом дојде на власт Кореа воведе големи даноци кои за компаниите од секторот нафта кои беа стационирани во земјата. Таквата политика направи голем дел од нив да ја напуштат земјата.

Сепак големата зависност од нафтата изгледа ќе го натера Кореа да започне бушења во богатиот парк со нафта, кој според анализите лежи на 920  милиони барели нафта или 20% од претпоставените нафтени резерви на Еквадор. Рафаел Кореа го обвини светот дека донирал само 0,5% од потребните пари и дека сега тој е приморан да ги започне овие бушења.

Неговите непријатели пак велат дека Кореа и ист како и неговиот идол покојниот Чавез и дека и покрај големата доверба која народот ја има во него тој ги води сите во пропаст. Преголемото мешање на држава и преголемата зависност од нафтата ќе предизвикаат уништување на економијата, и уништување на екосиситемот и на крајот цената повторно ќе ја плаќаат еквадорците.

Без разлика кој е во право, факт е дека по подолго време Кореа и даде на земјата една стабилност што долго време ја немаше и позитивни резултати од економијата што исто така не можеа да се забележат, па така засега тешко дека некој ќе му замери што ќе уништи дел од големиот национален парк.

Редакција Фактор

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени