Засилен прилив на бегалци во Унгарија и Србија, тензии на границата
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2015 14:43
Се интензивираше приливот во Унгарија, каде што во четврток влегле 8104 мигранти по рекордните 10046 лица во средата. Овие бегалци пристигнуваат претежно од Хрватска, откако Будимпешта ја затвори границата со Србија на 15-ти септември.
Од Загреб изјавиле дека во четвртокот се преброени 8500 новодојденци, што значи дека од 15 септември бројот на мигранти кои поминале низ Хрватска достигна бројка од 55000 лица.
На границата помеѓу Македонија и Грција, каде што на ден поминуваат помеѓу 3 и 4 илјади мигранти кои патуваат кон Србија, исто така е напнато. Во исто време, според српскиот Црвен крст приливот во земјата од Бугарија исто така се интензивирал, иако ова е помалку користена рута.
Ситуацијата на патот на српско-хрватската граница останува напната поради ограничувањата за движењето на српски автомобили кое беше воведено од Загреб во знак на протест против активностите со кои Белград им го олеснува транзитот на бегалците кон Хрватска.
Унгарија и Австрија исто така имаат сличен спор, за чие решавање денеска во Виена ќе се сретнат лидерите на двете страни - Виктор Орбан и Вернер Фејман.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




