19 Декември, 2025
0.0430

Засилени мерки за безбедност во Турција

Објавено во: Балкан 28 Јули, 2015 09:41

Добивај вести на Viber

Во Турција се преземени засилени мерки за безбедност, откако силите за безбедност предупредија за можни терористички напади во големите градови, туристички објекти и туристичките центри. Во полицијата се откажани сите отсуства, а специјалните единици за борба против тероризмот се донесе во состојба на готовност, соопштија светски извори.

Зголемена е безбедноста на пристаништата, јавниот транспорт во Истанбул. Центарот на  плоштадот Таксим е чуван деноноќно, а паркот Гези е затворен. На некои излези и влезови во градот патроли вршат проверки на автомобилите, за да се спречи превезување на експлозиви.

Дополнителни мерки за безбедност се воведени во големите трговски центри во Истанбул, Анкара и во други градови на земјата. Во туристичките центри по морињата мерките за безбедност се дискретни, за да не се исплашат туристите, бидејќи туристичката сезона е во полн замав.

Турски медиуми јавија дека силите за безбедност имале информации дека околу 70 терористи камикази биле префрлени во Турција за вршење на самоубиствени напади.

Во меѓувреме, турските сили за безбедност уапсија над 1.000 лица, меѓу кои 50 или 60 се странци, во рамките на широката операција, која почна пред три дена против џихадисти од Исламската држава, забранетата Курдистанска работничка партија, ПКК и други.

По терористичкиот акт, извршен од камикази од Исламската држава во Суруч пред една недела, во кој беа убиени 32 лица, Турција презеде исклучителни мерки за безбедност за да се избегне ескалација на насилство во земјата.

Покрај мерките сепак стана јасно дека бил разрушен магистралниот гасовод кој доаѓал од Иран. Спроведувањето на гас кон внатрешноста на Турција е суспендирано до отстранување на хаваријата, се вели во соопштението на министерот за енергетика Танер Јилдиз.

Турските власти се категорични дека експлозијата е саботажа. Главниот осомничен е Курдистанската работничка партија, која го прекина примирјето откако турските воздухопловни сили почнаа да нанесуваат воздушни напади по позиции на терористичката група Исламска држава, но истовремено со тоа и по позиции на Курдите, кои се борат против џихадисти.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација