ЗАСТРЕЛАН 11-ГОДИШНИК ВО РОТЕРДАМ: Уапсени шест малолетници, најмладиот има 12 години
Објавено во: Свет 27 Февруари, 2025 11:24
Полицијата
во холандскиот град Ротердам оваа недела уапси шест малолетници, откако
11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан.
Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера холандската
полиција, а пренесува De Telegraaf.
Според холандските медиуми, апсењата се извршени во последните три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Марсберген и 16-годишно момче од Еншеде.
Не се исклучени натамошни апсења.
Малолетниците по истрагата станале осомничени, а дел од нив и се предале на полицијата, пишува Telegraaf. Како што се дознава, полицијата не ја исклучува можноста за дополнителни апсења. Освен тоа, тие се осомничени и за поседување огнено оружје и муниција. „Секој осомничен е испрашуван поединечно за неговата улога во овој инцидент“, соопшти полицијата.
Сите малолетници кои беа уапсени се во притвор и денеска и утре ќе бидат изведени пред истражен судија во Ротердам, кој ќе одлучи дали ќе им го продолжи притворот. Веднаш по инцидентот, полицијата пронашла огнено оружје на тревната површина во близина на станбената зграда, пренесува Telegraaf.
Префрлен во болница во критична состојба
Момчето морало да биде реанимирано и однесено во болница во критична состојба. Што точно се случило на местото на злосторството се уште е нејасно, но полицијата утврдила дека 11-годишното момче било застрелано. Неговата состојба се уште е сериозна.
Истрагата на Telegraaf откри дека младите во станот, каде што се пукало, биле дел од група многу млади рапери „Drill“ кои правеле проблеми во соседството, заплашувајќи и им се заканувале на другите. Нејасно е дали жртвата била вмешана и во „Drill“ рап.
Рап „Drill“ е поджанр на хип хопот кој се разви во Чикаго во раните 2010-ти, а подоцна се здоби со светска популарност, особено во Обединетото Кралство. Се карактеризира со агресивен, често мрачен тон, со стихови кои обработуваат теми за насилство, криминал и живот во проблематичните населби.
фото: EPAМожеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




