Затишје пред клучниот состанок за судбината на нафтата
Објавено во: Економија 11 Април, 2016 11:41
Терминските цени на нафтата паднале, после минатигодшините загуби потпомогнати од податоците за падот на производството на нафта во САД во пресрет на состанокот на земјите произведувачи.
Американската „лесна“ нафта WTI за испорака во мај паднала 18 центи, на 39,54 долари за барел, а сировата нафта „брент“ за јунски испораки за 18 центи на 41,76 долари.
Податоците кои укажуваат на изненадувачки пад на залихите и производството на нафта во САД му пружија поттик на пазарот минатата недела, но и намалување на бројот на дупчења.
Трговците со нафта будно го исчекуваат наредниот извештај за залихите во САД, кој би требало да биде објавен во средата, надевајќи се на понатамошо намалување кое би укажало на забрзување на темпото на побарувачката.
Во фокусот на трговците, е меѓутоа, состанокот во Доха, закажан за 17 април, на кој водечките светски произведувачи на нафта, предводени од Русија и Саудиска Арабија, ќе разговараат за прекумерната понуда на глобалниот пазар која цената на нафтата ја намали за три четвртини од август 2014 година.
„Оваа среда е многу важна, бидејќи ќе разгледуваме дали намалувањето на залихите во САД се само еднократна ставка или тренд“, изјави аналитичарката на сингапурската компанија „CMC Markets“, додавајќи дека нов пад на залихите би им пружил силна поддршка на цените на нафтата.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




