05 Декември, 2025
0.0277

Затишје пред нова офанзива или подготовка за герилска тактика

Објавено во: Анализа 06 Мај, 2017 21:55

Добивај вести на Viber

По официјализирањето на Талат Џафери за нов собраниски спикер речиси и целосно да се стиши воинствената реторика на ВМРО-ДПМНЕ. Крвавиот напад на четврток 27 април се чини дека се уште е свеж во колективната меморија, па лесно е да се помисли и на најлошото, ескалација на насилството од кое нема назад. 

Впрочем и секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ биле тивки следеле најжестоките политичи акции. Тоа барем засега се чини дека не е случај, по колективната последна седенка во кабинетот на Велјаноски оставен е простор за новото парламентарно мнозинство да го преземе теренот во речиси демолираното Собрание. 

Силните пораки кои директно ги испрати Хојт Ји сосема лесно беа прифатени на денот на трудот. Страстите полека спласнуваат, но дали можеби токму тука се „крчка“ новата тактика на ВМРО-ДПМНЕ. По бруталните напади врз пратениците на СДСМ кога во ќош беше потиснат и лидерот Зоран Заев, а Зијадин Села триумфално беше влечен по собраниските ходници следи стравот од кривичниот прогон и тоа за дела многу потешки од „учество во толпа“. Се пуштија крици и за амнестија дп секогаш дарежливиот Иванов кој најде да се „стегне“ само за мандатот кој го носи името на Заев. 

Што навистина може да стори ВМРО-ДПМНЕ во една ваква ситуација? Разузданоста на Орбан во Унгарија е скротена токму по прашањето на Универзитетот на Џорџ Сорос, Бугарија од најблиското опкружување искажа голема загриженост за состојбите во Македонија, Вучиќ ја зголеми борбената готовност, а од Албанија и Косово стигнуваат јасни пораки за смирување на албанскиот фактор. Русија е предалеку за Груевски, Турција има доволно свои маки и проблеми со „Ѓуленистите“. Затоа засега е малку веројатен нов и можеби финален фронтален напад, во деновите кога ќе треба да се гласа новата реформска влада. 

Попаметниот потег би бил чување на силите и ангажирање во една потивка, но долготрајна герилска тактика. Мирен отпор во државните институции, држење на гласот на пропагандните медиуми на поприфатливо ниво и пост фестум отпори во Собранието благодарение на бројните 51 пратеник кои ќе ја составуваат опозицијата. Затоа и оваа мала победа на СДСМ и нејзините коалициони партнери не треба да се користи за парада или непотребен триумфализам. 

Промените кои се долго ветувани нема да дојдат преку ноќ, потребна ќе биде огромна работа и разумност за да се вратиме во една нормална состојба во која политичките разлики нема да бидат доволна причина за пролевање крв.

Автор: Христијан Станоевиќ


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени