Добивај вести на Viber
Затруената пченка со афлатоксин од ланскиот род во Србија е главната причина за зголеменото присуство на афлатоксин во млекото. Ова на прес конференција го истакна Горан Јешиќ
, покраинскиот секретар за земјоделство. Тој вчера на својот Твитер профил објави резултати од анализите на млеко за присуство на афлатоксин, според која од 35 примероци , во 29 е регистрирано зголемена концентрација на оваа канцерогена материја, што предизвика лавина од реакции во српската јавост.
Според него, главната причина за ова е заразеноста на минатогодишниот род на пченката и дека до ова немаше да дојде ако на време се реагираше и не се заташкуваше случајот.
„Се можеше да се санира. Во декември во продавниците немаше загадено млеко. Но стоката се хранеше со таа пченка. Државата мора да реагира, не смееме да ја ставаме главата во песок. Ова може да ни се случи и со годинашниот род на пченката. Знам дека се работи за бизнис кој чини милијарди, но јас си ги сакам моите деца“, изјави Јешиќ. Претходниот ден српските власти објавија дека по спроведените лабараториски анализи, не е утврдено зголемено присуство на токсинот во српското млеко.
Максимално дозволената концентрација на афлатоксинот М1 во сировото млеко, во термички обработеното млеко и во млекото за производство на млечни производи е 0,05 микрограми по килограм,
Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија, по спроведените анализи објави дека се пронајдени само 360 литри млеко Лагано јутро на Дукат, во кои е пронајдена зголемена концентрација на афлатоксин.
Во наредниот период ќе ја зголемат контролата на домашните производители, како и инспекцијата на млекото од увоз.
Според податоците на Државниот завод за статистика, со 6,65 милиони евра во 2011 година Босна и Херцеговина е најголем извозник на млеко и млечни производи во Македонија. На листата на најголеми извозници во Македонија со нешто помала вредност се Германија и Србија, а првите три земји заедно извезуваат млеко и млечни производи во земјава во вредност од 18,6 милиони евра
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.