29 Септември, 2024
0.0257

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Поради силното невреме кое го зафати Свети Николе, поточно селото Кадрифаково, поплавен е надвозникот, но и блокиран регионалниот пат Штип - Свети Николе. Имено, како што информираат надлежните на патот била насобрана поголема количина од гранки, ѓубре, кал и песок, поради што бил непрооден. Исто така информираат дека од силните грмотевици делови од Неготино останале без струја, а некои домаќинства имаат оштетени апарати. 

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети од невремето во непосредна близина на село Кадрифаково.

- Поточно, од поројниот дожд и големата количина вода што надојде беше поплавен надвозникот кај село Кадрифаково, при тоа на самиот регионален пат Штип – Свети Николе имаше насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок, а имаше и оштетување на патот од поројната вода, при што беше направено голема дупка. 

На лице место беа екипа од полицијата - ПС Свети Николе, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, а и од ЦУК – раководителот на РЦУК Свети Николе се додека последиците од невремето беа веднаш расчистени - информираат од Центарот за управување со кризи. 

Од ЦУК дополнуваат дека на бројот 112 е добиена и пријава за удар од гром во Неготино, по што на улица „Пано Калајџиски“ и околината имало прекин на електрична енергија и штети на уништени апарати во домаќинството како последици од громот. 

- Екипите на „ЕВН Македонија“ веднаш реагираа на лице место и го отстранија дефектот - велат од ЦУК.

Воедно информираат дека според информации од Управата за хидрометеоролошки работи, ваквото променливо и нестабилно време, со изразени поројни дождови и грмотевици ќе се задржи се до петок. 

- На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и на места град. Затоа на граѓаните се препорачува на внимателност пред и за време на локалните метеоролошки нестабилности. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации - потенцираат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“