05 Декември, 2025
0.0327

Завеани патишта, евакуирани села-поплавите предизвикаа проблеми во регионот

Објавено во: Балкан 15 Март, 2013 13:04

Добивај вести на Viber

Проблеми во сообраќајот предизвикаа снегот и дождот што со денови паѓаат во регионот, а од големите количества вода загрозени се одделни објекти. Водостоите на реките Плива и Јошавка се во пораст. Во текот на ноќта дојде до поплавување и на еден дел од викедн населбата Јања во Бјелина.  Забележен е драматичен раст на нивото на реката Сава на подрачјето на општина Градишка, но се уште не е достигната точката за редовна одбрана од поплави. Невремето што во Црна Гора предизвика поплави во Подгорица, Даниловград и Никшиќ, утринава е стабилизирано. Во Даниловград во текот на ноќта водата навлегла во неколку куќи. Видоје Павичевиќ од штабот за елементарни непогоди за радиото „Антена М„ изјави дека од синоќа во 22 часот мирува нивото на реките, но дека водата навлегла во неколку куќи.  Жителите се навремено евакуирани. Водата од чешмите е малку заматена и граѓаните се информирани дека мора задолжително да ја провријат. Врз основа на моменталните податоци за водостоите, се забележува дека водостоите во реките Морача и Зета се во опаѓање, додека водостојот на Скадарското езеро, како и реката Бојана, е во пораст и е во домен на големите водостои, рече за порталот Аналитико, Новак Дармановиќ, од службата за мерење на Хидрометеоролошкиот завод на Црна Гора. Поради  лошите временски прилики забранет е сообраќајот за сите категории возила на патот Рожаје-Кула, соопшти Авто-мото сојузот на Црна Гора. На останатите патишта има одрони. Циклонот што со денови дуваше во Далмација и донесе топло и многу врнежливо време, а од средата веќе прерасна во бура и предизвика драматичен пад на температурата. Во БиХ се очекува снегот денеска да престане да врне. Минималните температури се од минус 10 до нула, а максималната од минус шест на планините до шест степени на југот на земјата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии