28 Септември, 2024
0.1095

Завод за ревизија за Пописот во 2021: Спорна апликација за самопопишување во странство, само еден понудувач за лаптопите

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија по извршениот ревизорски извештај за Пописот спроведен во 2021 од страна на Државниот завод за статистика,  ја оспори софтверската апликација за самопопишување на македонските државјани во странство.

За државниот ревизор спорно е тоа што уште во 2019 година извршена е набавка на софтверска апликација за пописот, но не е набавена софтверска апликација за самопопишувањето; Набавката на апликацијата за самопопишување во странство започнала само неколку дена пред да започне пописот на 1 март 2021 за македонските државјани кои биле привремено во странство.

На ден 26.02.2021 година упатени се барањата за забрани и можности во однос на апликацијата до фирмата изработувач на апликацијата, а покрај тоа, софтверската апликација е набавена без надоместок, за што Државниот завод за статистика се обврзал да го истакне името на давателот во апликацијата, со што врши негова промоција, односно станува збор за спонзорство, за кое не е побарано од Министерството за правда решение, со кое ќе се потврди јавниот интерес на ова спонзорство;

„Фирмата изработувач на апликацијата е управувана од лице кое во периодот од 25.05.2019 до 23.09.2020 година бил член на Советот за статистика, како и апликацијата за самопопишување не е евидентирана во деловните книги на Државниот завод за статистика. Формирано е стручно тело чие формирање не е уредено во Законот за попис, а воедно и преклопување на надлежности на неколку работни групи, во кои истовремено членуваат исти вработени“, се наведува во соопштението од ДЗР.

Во јавната набавка на 5.650 лаптопи за потребите на пописот  бил склучен договор со единствен понудувач во износ од околу 3,2 милиони евра кои биле целосно платени во декември 2020 година;

„Квантитативен и квалитативен прием на лаптопите, наместо да се изврши од страна на работна група согласно договорот, утврдено е дека документите за примопредавањето на лаптопите се потпишани од страна на раководителот на субјектот; Постапката е спроведена по одобрување од страна на н надлежните органи, но за техничката спецификација за лаптопите, не е добиено мислење од Националниот совет за информатичка и компјутерска технологија при Владата“, констатира ревизорот.

Резултатите од пописот беа објавени на 30 март 2022 година, според кои Македонија  има 1.836.713 резидентно население, 598.632 домаќинства и 839.174 станови.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“