Заврши целодневната агонија на српските туристи на бугарско-грчката граница
Објавено во: Балкан 16 Јуни, 2020
Грчката влада доцна синоќа донесе одлука да дозволи преминување на границата за српските граѓани меѓу Бугарија и Грција, со што заврши целодневната агонија на илјадниците српски туристи кои останаа заглавени поради нејасните процедури на граничниот премин Промахонас, односно Кулата.
Милан Вукосављевиќ, српскиот конзул во Атина, доцна синоќа информираше дека е отворен преминот за српските туристи кои чекаа цел ден, по што беа пропуштени полека да го минуваат граничниот премин и да се движат кон летни одморалишта.
Владата на Србија треба да добие одлука од грчките власти во текот на денот што ќе им гарантира на сите Срби дека може да ја преминат границата меѓу Бугарија и Грција. Одлуката за пропуштање преку овој граничен премин службено важела од 15 јуни но од 23.00 часот.
„После целодневни разговори со грчките власти, тие вечерва ме известија дека ќе започнат да ги ослободуваат нашите граѓани преку бугарско-грчката граница“, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за „Блиц“.
Тој забележува дека Грција ќе го задржи правото на случајно тестирање и земање примероци. На прашањето дали препорачува агенциите да започнат со организирање патувања во Грција, министерот рече дека сите одлуки од денес ќе бидат официјални.
„Агонијата е стопирана“, изјави Расим Љајиќ, министерот за внатрешна и надворешна трговија.
.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.