Заврши истрагата за самоубиството на Слободан Праљак - Кој го донел отровот во судницата
Објавено во: Балкан 27 Февруари, 2018
Заврши истрагата на Хашкиот суд околу самоубиството на Хрватско-Босанскиот воен злосторник Слободан Праљак.
Хрватските медиуми наведуваат дека според резултатите од истрагата, нема виновник за внесување на отровот во судницата, но и дека нема одговор како истиот се нашол кај Праљак.
„Судот ја заврши истрагата и заклучи дека немало никаков пропуст во работата на стражарската служба“, изјави адвокатката на Праљак, Ника Пинтер
Истовремено, се води и истрага на ниво на Холандија и резултатите ќе бидат доставени до хрватската амбасада.
Во просторијата во која беше сместен Слободан Праљак, после неговата смрт било пронајдено и писмо на кое пишувало „Ника“, но Пинтер потврди дека тоа писмо било наменето за неговата сопруга.
Пинтер изјавила дека не е соучесничка во случајот, но дека е подготвена да се појави на суд за да ја докаже својата невиност.
Слободен Праљак изврши самоубиство во судницата на Хашкиот суд, откако му беше изречена пресудата затворска казна од 20 години затвор со која се прогласува за виновен за воени злосторства.