17 Декември, 2025
0.1801

Заврши најголемата трансакција на Балканот: Агрокор стана сопственик на Меркатор

Објавено во: Балкан 03 Септември, 2014 20:15

Добивај вести на Viber

По завршувањето на јавната понуда за купување на преостанатите акции, хрватски Агрокор од 1 септември официјално стана сопственик на 80,75 проценти од словенечки Меркатор. Со ова е комплетирана најголемата трансакција во регионот. Понудата на Агрокор за купување на преостанатите акции на Меркатор во законскиот рок кој истече на 1 септември, ја прифатиле акционерите-сопственици на 27,63 проценти од акциите, со што Агрокор стигна до удел од 80,75% во Меркатор. Откако го купи мнозинскиот удел од 53,12% во словенечката компанија, Агрокор на 31 јули објави понуда за купување на преостанатите акции. Понудената цена за акција остана иста како при купувањето на првиот мнозински удел, односно изнесува 86 евра. „Со оваа историска трансакција започнуваме да создаваме нова вредност за сите потрошувачи, поголема сигурност за вработените и да иницираме понатамошен развој на економијата во регионот, да го зајакнуваме пазарот за нашите добавувачи, со што конечно ќе ја зголемиме стапката на вработеност. Оваа трансакција е чин на успех, кој ќе доведе до нови вредности“, рече првиот човек на Агрокор Ивица Тодориќ.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни